Мареј и Цонга во четвртфиналето на Вимблдон

Енди Мареј и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во четвртфиналето на третиот овогодишен Грен слем турнир Вимблдон.

Второрангираниот на АТП листата Енди Мареј во меч од 4.коло експресно во три сета го победи Австралиецот Ник Кирјос. Противникот на Британецот во четвртфиналето Жо-Вилфред Цонга од Франција место меѓу осумте најдобри обезбеди откако неговиот сонародник Ришар Гаске го предаде мечот уште во првиот сет при резултат 4:2 во гемови за Цонга.

Другите познати два четвртфинални пара ги сочинуваат, Роџер Федерер (Швајцарија) - Марин Чилиќ (Хрватска) и Милош Раониќ (Канада) - Сем Квери (САД).

За комплетирање на четвртфиналните двојки во машка конкуренција останува денеска да се одигра уште чешкиот дуел од 4.коло Томаш Бердих - Јири Весели, по што победникот за пласман во полуфиналето ќе се бори со Лукас Пулие од Франција.

Во женска конкуренција, двојките за четвртфиналето се:

Серена Вилијамс (САД) - Анастасија Павличенкова (Русија),
Симона Халеп (Романија) - Анџелика Кербер (Германија),
Венус Вилијамс (САД) - Јарослава Шведова (Казахстан) и
Доминика Цибулкова (Словачка) - Елена Веснина (Русија).

Четвртфиналните натпревари кај тенисерките ќе се играат денеска со почеток од 14 часот. /МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер