Ова денеска го изјави ресорниот министер Дамјан Манчевски на денешната трибина за измените на два закони :за вработените во јавниот сектор и за административни службеници. Тој смета дека државата ќе биде подготвена да одговори на барањата со потребниот кадровски капацитет кога ќе почнат преговорите со ЕУ.
– Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата, изјави
За префрлањето на вработени од јавниот во приватниот сектор, ресорниот министер потенцираше дека нема потреба да се стравува од отпуштања
–Нема потреба да стравуваат од ништо, се ќе биде доброволно, но факт е дека мора да направиме нешто во делот на реформа на системот и оптимизација на вработените во јавниот сектор, статус кво ситуација не може да остане.
Главните забелешки за законите за администрацијата беа за начинот на вработување начинот на унапредување и заштитата на правата на државните службеници. Ресорниот министер очекува законските измени да бидат донесени најрано до јули годинава .