Малку познати автомобили: Pegaso Z102 –шпанскиот Ferrari (видео)

Автомобилската историја бележи многу егзотични и ретки модели на автомобили кои се целосно непознати за пошироката јавност, а еден од нив настанал во 50-тите години на минатиот век во Шпанија.

Спортскиот кабриолет „ Pegaso Z-102“ е многу редок автомобил со оглед на тоа дека во периодот од 1951 до 1958 година направени се само 86 од овие возила.

Интересно е дека овој модел настанал во погоните на шпанскиот производител на камиони, автобуси и возила за специјални намени – компанијата Пегасо, основана после Втората светска војна во 1946 година.

Pegaso Z-102, кој на маската на хаубата го има симболот на коњот исто како кај Ферари, се смена за еден од најнапредните високоперформански автомобили на своето време.

Има В8 мотор со 360 коњски сили, а можел да развие брзина од 195 километри на час. Опционата верзија со компресор била во состојба да достигне дури и 245km/h, што Z-102 своевремено го правело да биде најбрзиот продукциски автомобил.

Од 86 направени примероци, останати во возна состојба се помалку од третина.

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска.

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. /МИА

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка

 Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор на СНП со шкотските Зелени доведе до владина криза.

-Иако патот низ барањето недоверба за владата оваа недела беше апсолутно возможен, јас не сум подготвен да ги променам моите вредности и принципи или да склучувам договори со некого само за да ја задржам власта, кажа премиерот.

Затоа, додаде Јусаф, „откако го поминав викендот размислувајќи за тоа што е најдобро за мојата партија, за владата и за земјата што ја водам, заклучив дека поправка на нашите односи преку политичкиот јаз може да се направи само со некој друг на чело“.

-Од тие причини, ја известив националната секретарка на СНП за мојата намера да се повлечам од позицијата лидер на партијата и барам што поскоро да се почне со конкурсот за мој наследник“, рече Јусаф.

Тој истакна дека ќе остане прв министер на Шкотска се додека не биде избран неговиот наследник како лидер на СНП. /МИА

Кина со предупредување до САД поради законот за Тајван и законот за ТикТок

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Јиан денеска изјави САД да не спроведува „негативни делови од законот што се „однесуваат на Кина“.

Доколку САД упорно опстојат на својата одлука, Кина ќе преземе решителни чекори за да ги заштити своите безбедносни и развојни интереси, посочи Лин, без да наведе детали.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за зајакнување на одбраната на Тајван, како и законот со кој се бара од кинескиот сопственик „БајтДенс“ (ByteDance) на ТикТок да ја продаде платформата во рок од една година.

Владата на Тајван го поздрави новиот американски закон оценувајќи дека ќе помогне во зачувување на безбедноста во регионот. /МИА

притисни ентер