Македонската и црногорската Влада на заедничка седница во Подгорица

На заедничката седница на двете влади на Северна Македонија и Црна Гора во Подгорица било заклучено дека отвореноста и довербата меѓу двете земји овозможува неограничен простор за јакнење на врските во сите области од заеднички интерес.

Денеска во Подгорица се одржа првата заедничка седница на Владата на Црна Гора и Владата на Република Северна Македонија. Ова е прва заедничка седница на владите на двете држави и воедно прва која се организира во Црна Гора.

Делегацијата на Република Северна Македонија ја предводеше претседателот на Владата Зоран Заев, а во работата на седницата учествуваа: потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, министерот за животна средина Садула Дураки, заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Претседателот на Владата Душко Марковиќ ја предводеше делегацијата на Црна Гора, која ја претставуваа и: потпретседателот на Владата за економска политика и финансиски систем и министер за земјоделство и рурален развој Милутин Симовиќ, министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ, министерот за туризам и одржлив развој Павле Радуловиќ, министерот за здравство Кенан Храповиќ, министерката за економија Драгица Секулиќ, министерот за сообраќај и поморство Осман Нурковиќ, државниот секретар на Министерството за надворешни работи Зоран Јанковиќ и генералната секретарка на Владата Наташа Пешиќ.

Двете влади заклучија дека односите на Црна Гора и Република Северна Македонија се добри и се темелат на принципите на пријателство, отвореност и доверба. Фактот дека меѓу двете земји нема отворени прашања на политичка основа овозможува неограничен простор за јакнење на врските во сите области од заеднички интерес.

Констатиран е висок степен на синхронизираност по прашањата на досегашните и идните надворешно-политички активности, земајќи ја во предвид комплементарноста на надворешната политика и недвосмислената определеност на Република Северна Македонија и Црна Гора за членство во ЕУ и НАТО. Во таа смисла изразено е задоволство со меѓусебната соработка и визијата во поглед на европските и евроатланските перспективи на двете држави.

Изразено е задоволство од квалитетот на односите на регионално и мултилатерално ниво и во тој поглед позитивно е оценета досегашната пракса на давање меѓусебна поддршка, како во поглед на ставовите, така и по пат на поддршка на кандидатурите за раководни места во регионалните и меѓународни организации и механизми на соработка.

Континуираната и квалитетна комуникација на органите на двете држави резултира со потпишување на неколку спогодби, како и со договори за интензивирање. Потпишани се: Спогодба помеѓу Владите на Црна Гора и Република Северна Македонија за взаемна заштита на класифицирани податоци, Протокол за соработка на Министерствата за внатрешни работи во областа на европската интеграција, Спогодба за соработка во областа на животната средина помеѓу Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Меморандум за разбирање во областа на здравството меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерство за здравство на Црна Гора, со што се стекнаа неопходни предуслови за јакнење на постојните врски во овие области.

Укажано е на потребата за унапредување и јакнење на интензитетот на соработката во сите области од заеднички интерес, со посебна нагласка во областа на економијата, имајќи ги во вид потенцијалите во сферата на размената на добра меѓу двете држави, постоечкиот инвестиционен амбиент и туристичките ресурси. Во таа смисла посебно е изразено задоволство од одржувањето на Бизнис форумот на кој реномирани стопанственици на двете држави ги дефинираа областите од заеднички интерес во рамките на кои ќе ја интензивираат идната соработка.

Заклучено е наредната седница на двете Влади да се одржи во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

Јанкоски од Народната банка: Работиме на нова регулатива за јакнење на киберотпорноста

Народната банка постојано работи на унапредување на регулативата за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор. 

Започнати се активности за усогласување на домашната регулатива со европскиот Закон за дигиталната оперативна отпорност (англ. Digital Operational Resilience Act − DORA), со што ќе се воспостават унифицирани стандарди за заштита, пријавување и справување со сигурносните инциденти, обезбедување непрекинатост во работењето, поголема контрола на надворешните лица кои обезбедуваат важни оперативни функции и засилена комуникација и координација на сите институции во финансискиот сектор на нашата држава, пишува Горан Јанкоски, главниот супервизор за информациските системи на Народната банка во колумна за билтенот на Македонската банкарска асоцијација.

Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин. „Законот треба да обезбеди поддршка на процесот на дигитална трансформација, правилна примена на новата технологија и поттикнување на иновативноста во новото време на дигитални финансии. Народната банка во моментов подготвува нова Одлука за Методологија за сигурноста на информативниот систем, усогласена со насоките на Европскиот банкарски орган (ЕБА) за управување со ризиците поврзани со сигурноста. Оваа одлука би била вовед во активностите за подготовка и воведување нов закон за унапредување на дигиталната оперативна отпорност во финансискиот сектор, усогласен со ДОРА“, посочува Јанкоски.

Клучните области коишто се опфатени со Законот за дигиталната оперативна отпорност се управувањето со ИТ-ризикот, управувањето со ризикот од пренесување на извршувањето оперативни функции или услуги од надворешни лица и нивен надзор, тестирањето на дигиталната отпорност, управувањето со ИТ-инциденти, споделувањето (размена) информации итн. „Законот создава регулативна рамка и воведува стандардизирани и хармонизирани принципи за заштита од заканите од дигиталниот простор, коишто треба да бидат исполнети од институциите во финансискиот сектор со примена на потребните контроли за заштита, соодветно управување со сигурносните инциденти и нивно пријавување до надлежните тела во земјата и ЕУ. Како новитет се воведува барањето за спроведување тестирање на дигиталната отпорност, во согласност со кое финансиските институции треба да спроведуваат редовни тестирања на своите ИТ-системи и услуги, за што треба да се известат и регулаторните органи. Исто така, со Законот се воспоставува рамка за соработка и комуникација помеѓу институциите во секторот, домашните и меѓународни надлежни тела и други учесници со цел да се унапреди оперативната отпорност“, пишува Јанкоски.

Поради засиленото присуство на банките на современите канали, дигитализацијата на банкарските производи и услуги и постојаниот пораст на ризиците поврзани со заканите во дигиталниот простор почнувајќи од 2003 година, Народната банка активно работеше на дефинирање на потребната регулатива во подрачјето, којашто постојано се надградува во согласност со најдобрите стандарди и практики на ЕУ.

На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

притисни ентер