Џонсон рече дека неговиот безбедносен тим пронашол уреди за прислушување во тоалетот откако Нетанјаху го користел, пишува Политико.
Џонсон и Нетанјаху се сретнале во 2017 година кога Џонсон беше министер за надворешни работи во Велика Британија.
Мемоарите на Џонсон ќе бидат објавени на 10 октомври, а извадоци се споделени во The Daily Telegraph.
„Биби беше таму (во бањата) некое време, и можеби беше случајно или не, но подоцна ми рекоа дека нашле уред за прислушување“, напиша Џонсон во мемоарите.
Дејли Телеграф побара од поранешниот премиер да открие повеќе детали за тоа што се случило, на што Џонсон рече дека сѐ што треба да се знае е во тој пасус во книгата.
Во 2019 година, „Политико“ објави дека американската влада верува дека Израел е одговорен за поставување уреди за надзор на мобилни телефони во близина на Белата куќа и други локации околу Вашингтон.
Поранешниот британски премиер во своите мемоари откри и дека покојната британска кралица Елизабета Втора боледувала од рак на коските во последните години.
Во опишувањето на последната средба со Елизабет, Џонсон изјави дека изгледала „побледо и понаведната од вообичаено“, дека имала „темни модринки на рацете и зглобовите, веројатно од инфузии и инјекции“.