„Ова е ужасен и трагичен настан“, рече Џон Адамс, обвинител на округот Беркс, на прес-конференција во понеделникот по апсењето на мајката Лиса Снајдер.
Мајката, која сама ги чувала двете деца, беше уапсена по повеќе од два месеци откако децата беа пронајдени обесени во населбата Албани, сто милји северно од Филаделфија.
На 23 септември, мајката повикала помош, тврдејќи дека ги нашла своите обесени деца во подрумот.
Спасувачите ги нашле постариот Конор и помладата сестра Бринли обесени и безуспешно се обидувале да ги реанимираат.
Мајката двапати била сослушана од полицијата и изјавила дека синот, се заканувал дека „претрпел малтретирање на училиште и сакал да умре“.
Но, нејзиното сведочење веднаш покренало голем број прашања затоа што осумгодишниците по правило не се убиваат, а Конор имал мала телесна попреченост, што му оневоможувала да се обеси.
По низата разговори со најблиските и со вработените во училиштето не било откриено дека детето е жртва на врсничко насилство.
Компјутерите и мобилните телефони на неговата мајка покажале дека таа пребарувала на интернет за убиства со бесење и гушење со јаглерод моноксид.Еден сведок изјавил дека таа „покажувала знаци на депресија и не се грижела за децата“.
Лиза Снајдер е задржана во притвор и не може да излезе со кауција.Таа треба да се појави на суд на 12 февруари, а обвинителот рече дека сè уште не знае дали ќе побара смртна казна.