Лута алпака плукна жена во лице- понижувањето го виделе 50 милиони луѓе (ВИДЕО)

Жена доби непријатно изненадување откако се приближила до алпака и ја погалила.

Мари Вернер претпоставувала дека животното е мило, иако алпаката покажувала знаци кои би ги натерале сите запознаени со нејзината природа брзо да си заминат. Мари била понижена за само неколку секунди: алпаката молскавично се свртела и ја плукнала во лице, пренесува The Мirror.

Ламите и алпаките се многу популарни животни во зоолошките градини на кои луѓето им се лесни за пристап, тие се сакани поради нивниот уникатен изглед и главно се мирни по природа- додека не дојде до плукање по личноста која се наоѓа пред нив.

@marie_werner ♬ Originalton - Marie

Виралната објава на TikTok споделена од Marie_Verner е прегледана повеќе од 46 милиони пати откако беше поставена на видео платформата на 11 ноември. Видеото оттогаш доби околу 7,2 милиони лајкови и 34.000 коментари.

Во видеото, Мари, која живее во Виена (Австрија), му приоѓа на животното за кое верувала дека е лама. Но, кога Мари се приближила, алпаката со повлечени уши наназад погледна во неа и следното нешто било да ѝ плукна во лице. Мари напиша на видеото, кое потоа го објави на TikTok:

„Никогаш повеќе нема да допрам лама“.

Постојат неколку причини зошто плукаат ламите и нивните братучеди алпака. Тие обично го прават тоа за да ги предупредат другите членови од истиот вид - женката го плука мажјакот да ја одбие неговата покана за парење. Ламите и алпаките укажуваат дека ќе плукаат по некого, а сигурни знаци дека тоа ќе го направат се: „залепени“ уши до главата, агресивно ослободување на воздух од ноздрите и фрлање на брадата наназад додека се наведнуваат напред.

Ако ги игнорирате овие предупредувачки знаци, најверојатно ќе ве „плукаат“. Плунката од лама или алпака е мешавина од гастричен сок и несварен растителен материјал со непријатен мирис.

Многу луѓе кои ја коментираа оваа објава на социјалните мрежи слатко се изнасмеаа, а имаше и такви кои беа изненадени кога дознаа дека ламите и алпаките плукаат, мислејќи дека тоа се случува само во видео игрите!

Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа во Норвешка- автобус се излизга во езеро (ФОТО)

Најмалку три лица загинале, а четворица се тешко повредени кога автобусот, во кој наводно имало повеќе од 50 патници, излетал од патот Е10 во Норвешка, слетал во провалија и паднал во езеро.

Страшната несреќа се случила околу 13 часот и 30 минути по локално време, на северозападниот брег. Се претпоставува дека во автобусот имало повеќе од 50 патници, меѓу кои и голем број странци.

Автобусот се излизгал. На терен се бројни спасувачки и итни екипи кои ги извлекуваат повредените и починатите од возилото.

Причината за несреќата се уште не е позната. Според локалните медиуми, планирано е да се испратат спасувачки хеликоптери на местото на настанот, но лошите временски услови го отежнуваат тоа.

Пренџов: Иако Владата наследи рекордни 12 милијарди долгови, БДП бележи раст од 3%

„Во изминатиот период од 2017-2024 година, според Светска банка, македонската економија растела во просек со 1,1% годишно. “

„Честопати од оваа говорница зборував дека да не постои влада, да не постои државна управа, економијата сама од себе ќе расте повеќе од 1,1% во просек годишно. Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на седницата посветена за пратенички прашања и постави 3 прашања кон претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.

Пренџов, во однос на првото прашање зборуваше во делот на економијата, односно она што значи подобар живот за граѓаните. Објасни дека иако Владата наследила рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1% и дека забележан е раст од 3% што значи движење во правилна насока.

„Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент. За само неколку месеци имаме 3% раст. Имаме најава и се објавени 8 нови инвестиции во рамки на македонската економија, се ветуваат поголеми плати, се реализираат поголеми пензии“ , дециден е Пренџов.

Пренџов објасни дека изминатиот период само се слушале најави, дека “ќе“ се гради нешто, но не виделе ништо реализирано, нешто од кое граѓаните ќе имаат корист, а повеќе од 30 милијарди евра биле потрошени. Оттука, Пренџов праша што во следната година ќе биде готово, што ќе биде реализирано, во поглед на инфраструктура, во енергетика, токму во интерес за граѓаните. Третото прашање се однесуваше токму за расчистување на криминалот и корупцијата и дали ќе продолжи со исто темпо.

„Она коешто покрај економијата, покрај подобриот живот, а граѓаните се интересираат тоа е право правда и расчистување со криминалот и корупцијата. Почитуван премиер, имавме многу јавно обелоденети сознанија и документи во изминатиот период за криминал во РЕК Битола, покрај овој епски криминал со Лотарија, разбивање на терористички ќелии и други девијантни појави коишто се случувале во македонското општество, а никој не ги пресекол. Ме интересира за случајот РЕК Битола, дали јавноста ќе дознае на кој начин се испумпувале парите на граѓаните од страна на РЕК Битола и нивното тогашно раководство“, заклучи Пренџов.

Се огласи хрватската полиција за апсењето на српската пејачка Гога Секулиќ

Пејачката Гога Секулиќ и пејачот Александар Мисојчиќ, попознат како Ксандер, се приведени синоќа на граничен премин во Хрватска.

Како што потврдија од Сплитско-Далматинската полиција, тие илегално ја преминале границата на преминот каде што е дозволено само со валидна гранична пропусница, објави Телеграф.

- Лицето е сопрено веднаш при влез во Република Хрватска од страна на полициски службеници од граничната полициска станица Вргорац. Од проверка на идентитетот е утврдено дека се работи за 32-годишен државјанин на Република Србија. При понатамошна проверка, констатирано е дека наведеното лице илегално ја преминало границата на премин на кој минување е дозволено само на лица кои поседуваат важечка гранична пропусница, што е јасно означено со истакнати натписи. Поради опишаниот прекршок, сторен спротивно на член 5 од Законот за контрола на државната граница, на 32-годишната ѝ е изречена прекршочна наредба - наведуваат во соопштението од Сплитско-далматинската полиција.

Да потсетиме, Гога Секулиќ и нејзиниот колега Александар Мисојчиќ, попознат како Ксандер, синоќа доживеале непријатност на граничниот премин меѓу Босна и Хрватска.

Пејачката била приведена на граница на 25 декември, додека Ксандер бил накратко уапсен поради недоразбирање.

Гога проговори и ексклузивно откри за Телеграф што всушност се случило синоќа на границата:

- Точно е, имавме проблем на граница. Поточно дошло до недоразбирање. Навигацијата нѐ доведе до граничен премин кој не работи, тоа не го знаевме. Рампата беше спуштена, видовме полициска кола. Во меѓувреме ни се јавија сопственикот и менаџерот да прашаат кога пристигнуваме на проба на звукот, бидејќи целиот клуб е распродаден, бидејќи денес им е празник. Инаку читам секакви работи по порталите, јас сум една од омилените пејачки во Хрватска, а сега пишуваат дали сме имале работни дозволи откако сме се обиделе да влеземе пешки, сето тоа е невистинито. Вистината е дека дојдовме до граница која не работи и еден колега мавна на полицијата да праша и во тој момент влезе и тие рекоа дека Ксандер е уапсен. Ни рекоа дека ако преминеме и нас ќе нѐ уапсат и дека ќе платиме голема казна. Потоа ми рекоа мене и остатокот од тимот да дојдеме во станицата.

Пејачката рече дека сите имале уредни документи и работни дозволи. Таа откри колку долго останал нејзиниот колега и колку пари требало да плати за казната.

- Тој беше таму неколку часа, а ние останавме додека го проверуваа бидејќи бевме со неговиот автомобил. Шефот пристигнал на станицата да го земе и Ксандер ја платил казната. Отидовме во клубот на проба за звук и буквално почнуваме да пееме за една минута.

Казната што ја платил пејачот, како што изјавила Гога, била околу 500-600 евра, само затоа што ја пречекорил границата. Пејачката изјави дека истото би го поминала доколку направела чекор понатаму како колешка.

- Бидејќи постојано нè прашуваа кога ќе пристигнете, јас реков „Ајде да ја кренеме рампава да поминеме. Среќа што не го направив тоа, мислам дека немаше да излеземе до следната година“ – низ смеа вели таа и потоа додава:

- Беа премногу љубезни, не можам ништо да кажам. Само рекоа: госпоѓице Гого Секулиќ, оди на главниот премин, колегата Ксандер е приведен и те чека во станица. Беа потребни неколку часа.

Како што вели, Гога со уште еден музичар и возач го чекала колегата да излезе од станицата и потоа се упатиле на главниот премин за да стигнат до закажаниот настап.

- Потоа отидовме на главниот премин каде што беа Босанците, тие беа љубезни...а и тимот на хрватската граница беше многу љубезен. Тие рекоа дека им е жал што не можат да дојдат на шоуто бидејќи работеле. Им честитавме Божиќ и чекавме да излезе нашиот колега. За среќа колегата Ксандер е мирно момче, сѐ помина во најдобар ред – истакнува Гога и потоа на шега додава:

- Размислувам, Боже, само нека ме уапсат за да се одморам малку од оваа брзање и стрес.

Пејачката вели дека само ги прашале вработените на граница како да стигнат до тој град и дека нејзиниот колега само направил чекор, поради што лошо си поминал. Гога уште еднаш истакнала дека имаат соодветни работни дозволи и дека ги чекал полн клуб каде едвај чекаат да настапат.

притисни ентер