Се е договорено, останува само да се потпише договорот, откако клубовите се договорија за обештетувањето кое изнесува 30.000.000 евра.
Оваа вест прв ја објави сигурен инсајдер од фудбалскиот пазар, Фабрицио Романо, а како што наведе, трансферот би можел да достигне 45.000.000, со оглед на потенцијалните бонуси од нови 15 милиони.
Исто така, се наведува дека белгискиот напаѓач ќе потпише договор на три години, односно до 2027 година.
Со овој трансфер вкупната вредност на целокупното обештетување платено за Лукаку во текот на неговата кариера достигнува импресивни 369 милиони евра. За споредба, вкупно 247 милиони евра се уплатени за трансферите на Кристијано Роналдо, кој е осум години постар од Лукаку.
Список на трансфери и позајмици на Лукаку:
2011: Трансфер од Андерлехт во Челзи за 15 милиони евра.
2013: Позајмица од Челзи во Евертон за 3,5 милиони евра.
2014: Трансфер од Челзи во Евертон за 35,36 милиони евра.
2017: Трансфер од Евертон во Манчестер Јунајтед за 84,7 милиони евра.
2019: Трансфер од Јунајтед во Интер за 74 милиони евра.
2021: Враќање од Интер во Челзи со отштета од 113 милиони евра.
2022: Позајмица од Челзи во Интер за 7,86 милиони евра.
2023: Позајмица од Челзи во Рома за 5,8 милиони евра.
2024: Планиран трансфер од Челзи во Наполи за 30 милиони евра.
Останува да видиме како овој трансфер ќе се одрази на кариерата на белгискиот напаѓач, но едно е сигурно - Лукаку се наметна како еден од фудбалерите чии трансфери вредат најмногу пари во историјата.