Лолеска: Ретката болест не е само дијагноза, тоа е веќе начин на живот

Веќе шеста година последователно Здружението „Ретко е да си редок“ ја спроведува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. 

Во месецот февруари кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, по шести пат се спроведуваат активности насочени кон приближување на јавноста и поблиско запознавање на граѓаните со ретките болести во Република Македонија.

Кои се предизвиците и проблемите со кои се соочуваат лицата со ретко заболување? Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?...

За некои од тие прашања некаде на средината од годинашното издание на кампањата, за МИА зборуваше Гордана Лолеска, претседател на „Ретко е да си редок“ и главен иницијатор на кампањата.

[Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, што традиционално веќе се спроведува во текот на месец февруари, своето годинешно шесто по ред издание ќе го мине во знак на ретките заб]

Како сте задоволни од досегашниот тек на годинашното шесто по ред издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“?

- Изминативе две недели од кампањата поминаа исклучително добро, дијагнозите се емитуваат секојдневно на порталите низ цела Македонија, а поддршка за пациентите со ретки болести исто така стига од познати личности, универзитети, училишта, градинки, спортски клубови кои преку обоена дланка или цртежи се солидаризираат со оваа група пациенти.

Многу осветлени историски споменици како дел од глобалниот ланец на осветлени објекти. Тука би ја споменала Самуиловата тврдина изминативе години како прв осветлен објект во светот во боите на ретките болести.

Што успеавте да постигнете во текот на изминатите пет години преку кампањата, а што допрва очекувате да остварите?

- Успеавме да обединиме голема група на доктори кои ни помогнаа да обработиме околу 250 различни ретки дијагнози, но успеавме и да ги потсетиме на дијагнозите кои можеби ги сретнале само во медицинските учебници во текот на нивното едуцирање. Научивме дека во Македонија има пациенти со ретки болести на кои им потребна помош и поддршка во смисла на поврзување на семејства со кои би размениле искуства за својата состојба, не само низ Балканот туку и низ целиот свет. Помогнавме со совети да стигнат до потребниот дијагностичар, но и да се стекнат со права и помош од социјална заштита.

Очекуваме овие дијагнози да бидат испечатени во вид на „Водич низ ретките болести во Македонија“ на македонски и албански јазик и истиот да биде доставен и дистрибуиран преку медицинските установи во Македонија.

Колку заедницата кај нас е свесна за состојбата и проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со ретка дијагноза?

- Заедницата всушност е и нашиот најголем ветер во грб. Доколку ја посетите официјалната фејсбук-страница и инстаграм-профилот на „Ги запознаваме ретките болести“ ќе забележите дека многу јавни личности, здравствени, спортски и културни работници се вклучени во кампањата. Но, и децата и учениците кои секојдневно ни испраќаат фотографии во знак на поддршка.

Каква е ситуацијата сега и споредбено каква е онаа во светот, дали успеваме да се израмниме со светските стандарди, секако онаму каде доволуваат материјалните можности?

- За жал одговорот на ова прашање е негативен бидејќи во нашата земја првенствено нема стратегијата за ретки болести, иако во организација на Министерството за здравство се одржа дводневна работилница за изработка на национална стратегија за ретки болести. На работилница присуствуваа претставници од Здруженијата за ретки болести, Владата на РСМ,експерти од Комисијата за ретки болести, МТСП, МОН, ФЗОРСМ, и МАЛМЕД .

За разлика од сососедствито имаме регистар за ретки болести кој од година за година се повеќе се зголемува и официјалните бројки кои ги добивме заклучно со 31 декември минатата година од Министерството за здравство се во Електронскиот регистар за ретки болести, регистрирани се 832 пациенти со 140 различни ретки болести. Со јавната набавка за 2023 година, набавени се 48 лекови за ретки болести, за околу 290 лица кои се регистрирани во Електронскиот регистар за ретки болести. Во 2023 година се воведени шест нови лекови-сираци за терапија и тоа за 16 пациенти со хипероксалурија, ахондроплазија, хемолитично-уремичен синдром, оптички невромиелитис, заболувања на аминокиселинскиот транспорт и Reiter-ова болест.

Што ќе ви биде приоритет во иднина, во наредните изданија на кампањата?

- Секако кампањата ќе продолжи со објавување на текстовите и изработените графики за ретките дијагнози кои до сега не се објавени. Но, тука не застануваме секако дека ќе продолжиме и со притисокот кон властите за донесување стратегија за ретки болести, но и за зголемување на буџетот за ретки болести. Повторно со најразлични настани ќе продолжиме да ја подигаме јавната свест на населението за постоењето на истите.

На лицата со ретки болести и на нивните семејства потребна им е помош и поддршка! Затоа да се вклучиме сите бидејки знаењето искуството и добрите дела го оплеменуваат животот. Лицата со ретки болести секојдневно ги менуваат границите на сопствените дијагнози! Да ги промениме и ние сопствените граници и да им овозможиме нив и на членовите на нивните семејства да бидат рамноправен дел од ова општество.

Инаку, статистиката е немилосрдна кога се работи за ретките болести. Дури 75 отсто од ретките болести се појавуваат уште во детството, а 30 проценти од пациентите со ретки болести не доживуваат петта година.

Просечно се потребни пет до осум години за пациентот да добие точна дијагноза. Пациентите менуваат најмалку осум лекари-специјалисти додека не добијат точна дијагноза, а додека стигнат до точната дијагноза, тие добиваат три до пет погрешни дијагнози.

Силна соларна бура ја погоди Земјата, за утре се најавува уште една експлозија

Сончева бура ја погоди Земјата порано од очекуваното и сега се засилува. Ова го објави Центарот за следење на вселенското време при рускиот институт за применета геофизика.

Според податоците, геомагнетната бура се очекувало да биде од категоријата Г2, која е со умерен интензитет, но утрово таа се засилила до категорија Г3, што е силен интензитет.

На 30 април и 1 мај биле регистрирани моќни соларни изливи.

Сончевите блесоци се поделени во пет класи според јачината на рендгенското зрачење - најслаби се класата А, а потоа следат B, C, M и X.

Сончевите блесоци се моќни експлозии во сончевата атмосфера кои испраќаат соларна плазма во вселената. Облаците од оваа плазма можат да предизвикаат геомагнетни бури кога ќе стигнат до Земјата.

- Две коронални експлозии го погодија магнетното поле на Земјата на 2 мај. Поединечно, ударот беше мал, но предизвика силна геомагнетна бура од класата Г3 со поларници далеку на југ. Се очекува уште една коронална експлозија да го погоди магнетното поле на Земјата на 4 мај, објави порталот Space Weather.

Репортери без граници: Македонија со најголема медиумска слобода во регионот

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во извештајот на организацијата „Репортери без граници“.

Медиумски пејзаж

Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои вршат плагијат и копираат содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

Политички контекст

Целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

Правна рамка

Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи. Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.

Економски контекст

Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Социокултурен контекст

Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија.

Безбедност

Новинарите често се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер