Љутков: Ќе го вратиме сјајот на Музејот на Македонија, изработен е проект

Ќе го вратиме сјајот на Музејот на Македонија, изработен е проект за негова темелна реконструкција.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска го посети Музејот на Република Македонија и оствари средба со в. д. директорот на Музејот Борче Топуковски, информираше дека е изработен проект за темелна реконструкција на оваа установа. Како што посочи, во тек е постапката за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот ќе следува тендер во следниот период.

Љутков потсети дека последната интервенција на овој музејски комплекс е направена во 2010 година.

-Ќе се залагаме да го вратиме сјајот на ова музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот во овој момент, за што имаме обезбедено и средства. За темелна реконструкција на другиот дел од објектот, во следниот период ќе следува тендер со повеќе годишна јавна набавка, рече министерот.

Тој се надева дека во многу краток период ќе ја добијат дозволата и до крајот на годината веќе ќе биде завршена реконструкцијата на кровот. Посочи оти е убеден дека со реализација на сите фази од проектот конечно ќе добиеме музејска институција по сите стандарди која што е чувар на нашето културно наследство.

-Музејот на Македонија е најстар и најголем во Македонија, кој што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно наследство. Музејот е навистина во многу лоша очајна состојба, а тоа покажува низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство и дека иако многу се ветувало во последните години, всушност ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот Музеј во Македонија, додаде Љутков.

Како што потенцираше, галеријата на икони која што е заштитена како посебно значење од прва категорија, после земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување, морала да биде преместана и ставена во депоата и да се чува во несоодветни услови.

-Има проблеми за вработените кои мора да интервенираат во многу ситуации, а кога зборуваме веќе и за вработените, морам да кажам дека во последните три години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице. Тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција, кон нашето културно наследство и односот кон институциите, додаде Љутков.

Тој најави дека во наредниот период, до Новата година, ќе ги посети сите институции кои се под надлежност на Министерство за култура и туризам.

-Заедно со стручните лица ќе ги увидиме состојбите и ќе донесеме одлуки и предлози до Влада што треба да се направи најбрзо за да може да се интервенира, да не се направат штети во наредниот период, рече Љутков.

В. д. директорот на Музејот на Македонија Борче Топуковски по посетата со министерот изјави дека се надева со текот на времето Музејот ќе го добие сјајот кој што го заслужува.

-Ние ја имаме највредната музејска збирка во државата - тоа е галеријата на икони. Меѓутоа, и другите етнолошки музејски предмети се исто така вредни и се значајни за презентација на нашето културно наследство. Затоа денеска имавме продуктивна средба со министерот, и ние вработените имаме огромна надеж дека ќе тргнеме од мртва точка и дека со текот на времето ќе му го дадеме сјајот на Музејот каков што заслужува, рече Топуковски.

„Холивудскиот предатор“ живее во студ и нечистотија во затвор- ќе го тужи градот Њујорк

Озлагозомниот продуцент Харви Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за невнимание и необезбедување соодветна медицинска нега.

Неговите адвокати тврдат дека продуцентот, кој се наоѓа во затворот на островот Рикерс, добива супстандардна медицинска нега и се лекува во нехигиенски услови, пренесува АП.

Адвокатите на Вајнштајн тврдат дека затворот не обезбедува соодветна грижа за неговото влошено здравје. Продуцентот боледува од дијабетес и хронична миелоидна леукемија, а според неговиот тим живее во исклучително тешки услови. Особено го истакнаа студот и немањето чиста облека.

„За време на мојата последна посета, го најдов во крвава затворска облека, веројатно од инфузијата, која не беше испрана со недели. Не му обезбедија ни чиста долна облека - таквите услови тешко може да се наречат санитарни за лице со сериозни здравствени проблеми“, рече неговиот адвокат Имран Х. Ансари, кој условите во затворот ги спореди со гулаг.

Ансари ја обвини затворската управа за „медицинска небрежност“ и ја опиша ситуацијата како „сурова и невообичаена казна“. Тој додаде: „Занемарувањето на медицинските потреби на г-дин Вајнштајн илустрира зошто островот Рикерс е под лупа од јавноста и официјалните лица и е предмет на федерална истрага. Ние не живееме во општество каде што затворениците како г. Вајнштајн треба да бидат подложени на такви груб третман и непочитување на нивните медицински потреби“. Адвокатскиот тим на Вајнштајн бара отштета од 5 милиони долари.

Продуцентот годинава неколку пати завршуваше во болница, во април и јули. Според неговиот тим, тој се лекувал од дијабетес, висок крвен притисок, спинална стеноза, ефекти од коронавирусот и акумулација на течности во срцето и белите дробови.

Вајнштајн, кој негираше дека имал неконсензуален секс со некого, беше прогласен за виновен за силување во февруари 2020 година во случај што го поттикна движењето #MeToo.

Апелациониот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, откривајќи дека Вајнштајн не добил фер судење, бидејќи судијата неправилно дозволил сведочење на луѓе за кои продуцентот не бил обвинет за напад. Тој е во затвор и чека повторно судење.

Син на хрватски пејач е брутално убиен во Еквадор- го изрешетале среде улица

Вчера во Еквадор во центарот на градот Манта е убиен хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48), син на хрватскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ.

Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом. Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати. Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму.

На местото на злосторството пристигнале агенти на Националната агенција за истраги на криминал за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не се знае мотивот за вооружениот напад и се уште нема уапсени за убиството.

Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување. Според Дневник, Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.

Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство организиран од криминални групи. Особено опасно беше во градот Манта, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили. Во округот каде што бил убиен, годинава се забележани 292 убиства.

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје.

Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.

На потег е градоначалникот Арсовска, објави на X претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

притисни ентер