Љубовната приказна на Стивен Хокинг: Во нашиот брак секогаш бевме четворица

После филмот „The theory of everything”, во кој е прикажан неговиот приватен живот и брак, Стивен Хокинг имаше само еден коментар: Потребно му е повеќе наука.

Неговата поранешна сопруга Џејн имаше дијаметрално спротивен коментар: Му требаа повеќе емоции. И тие две реченици за филмот кој на Еди Редмеј му донесоа оскар најдобро го одсликува нивниот брак кој завршил со развод во 1995 година.

Сепак факт е дека наука имало повеќе од емоции, бидејќи филмот бил посветен на годините во кои Џејн се грижела за сопругот, а целиот свет ја забележувал само неговата генијалност, но и болеста која предизвикува слабеење на мускулите.

После премиерата на филмот, Џејн се сретна со новинарите на „Гардијан“ кои ги угости во својата градина во Кембриџ, а тие заклучија дека Фелисити Џоунс во филмот неверојатно точно ги пренела сите нејзини движења и говор.

Љубовната врска меѓу Стивен и Џејн почнала во Тринити хол на Кембриџ откако му била дијагностицирана термална моторична невролошка болест.

Ниту еден од нив двајца не сакал тоа да им го одредува животот, а се венчале иако нивните родители стравувале дека тој брак нема иднина. После дваесет години и три деца, брак завршил потполно рамнодушно. Џејн никогаш не го сокривала своето пријателство со другите мажи.

„Најважно е тоа што чувствата во филмот се многу блиску до оние кои ги имавме. Од емотивната страна, филмот беше точен. Единствено што намалија е битката и тешкотиите кои ги поминавме во заедничкиот живот бидејќи борбата со болеста на Стивен беше многу потешка од што изгледаше на филмот“ – изјави тогаш.

После разводот од Стивен, Џејн се омажила за музичарот Џонатан Хејлер Џонс, кого и децата на Стивен брзо го прифатиле. Причината за тоа е што Џонатан долго време бил дел од животот на Џејн, дури и за време на бракот со Стивен, иако нивниот однос тогаш бил платонски. Џонатан го запознала кога пријателката и советувала да почне да пее во црковен хор, за да се релаксира од постојаната грижа за Стивен. Тоа се случило во 1977 година.

Во тоа време општеството го сметало Стивен за еден од најинтелигентните научници на денешницата. Неговата жена никој не ја забележувал, а неговото “ексцентрично“ семејство верувало дека нивниот брак нема смисла.

„Мајката на Стивен еднаш ми рече дека не ме сакаат бидејќи не се вклопувам во нивното семејство, изјави Џејн и откри дека родителите на Стивен планирале да се доселат во Кембриџ за да бидат со синот кога ќе се разведе, иако разводот воопшто не бил на повидок.

„Вистината е дека во нашиот брак секогаш постоеја четворица партнери: Стивен, јас, болеста и физиката. Доколку ја исфрлите болеста, физиката и понатаму останува, а знаете дека госпоѓата Ајнштајн како причина за разводот на својот брак ја навела физиката“ – изјавила Џејн.

Во текот на бракот Хокинг се повлекувал во себе, а иако се трудел да и ја објасни својата работа, се чувствувала како да ја исклучува од тој свет.

Нивната куќа била полна со луѓе кои се грижеле за Хокинг, а кои го осудувале нивниот начин на живот и брак во кој никогаш не биле сами.

„Постојано не оговараа и ме поткопуваа“ – изјавила таа.

Иако за тоа зборувала 25 години после разводот, било јасно дека тоа и понатаму ја боли. Една од медицинските сестри била и Елејн Мејсон, втората жена на Хокинг. За неа Џејн не сакала да зборува, иако Елејн била причината за нивниот развод.

На прашањето зошто останала со Хокинг, иако чувствувала привлечност спрема друг маж, таа изјавила дека се чувствувала како да нема избор: Го сакала Џонатан кои и давал поддршка, но го сакала и Стивен.

„Не постоеше алтернатива, му бев посветена на Стивен и мислев дека не може без мене. Сакав да продолжи со својата работа, сакав семејството да има стабилен дом и затоа останав во бракот“ – изјавила Џејн.

Во нивниот живот Џонатан бил дел од нивното семејство сите тие години, им помагал на Стивен и Џејн, а се грижел и за нивните деца.

„Не спои осаменоста, двајцата бевме многу осамени луѓе, а потоа се пронајдовме еден со друг“ – изјавила Џејн, која го запознала Џонатан кога му починала сопругата. Тврди дека нема сомне оти нејзиниот најмлад син, Тимот е на Стивен, а не на Џонатан.

„Еднаш кога нашиот брак заврши, работите експлодираа. Едно време беше невозможно да комуницираме. Многумина изјавуваат дека е потребна една година за секои пет години во бракот за да се опоравите од разводот“.

За Џонатан се омажила во 1997 година.

„Не гледам на својот живот како на два брака, туку како на континуитет, бидејќи многу долго живеевме во хармонија се до мојот развод“ – изјавила таа.

„Можам да се потпрам на Џонатан, можеме да се потпреме еден на друг. Стивен повеќе зависеше од мене. Напорно работеше и беше многу успешен, но никогаш не се чувствував како да можам да се потпрам на него“ – тоа го навела како главна разлика меѓу нејзините два брака.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

притисни ентер