Линда Евангелиста: По десет дена не јадев ништо

Некогаш најубавата жена на светот призна,имаше периоди кога по десет дена не јадев  ништо.

Во подкастот „Ruthin Table 4“, една од најубавите жени на светот во последните децении, славниот топ модел Линда Евангелиста раскажа како се изгладнувала за време на нејзината манекенска кариера.

Најлошо за неа, вели таа, бил десетдневниот „Master Cleanse“, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна.

– Тоа значи десет дена по ред да пиете само солена вода и билен чај со лаксатив – рекла 58 годишната Линда.

- Неколку пати го пробав Master Cleanse, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот - додала таа.

Легендарната манекенка заминувала и во We Care Spa каде пиела само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Моето здравје тогаш беше многу лошо, истакнала Евангелиста.

- Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да така да направам - додала некогаш најубавата жена на светот во подкастот.

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

притисни ентер