Леклер по еден-два победата на Ферари во САД: Сè уште целиме кон титулата

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ги сподели своите впечатоци за победата на трката за Големата награда на САД. 

Дваесет и седумгодишниот Моначанец синоќа стартуваше од четвртата позиција и заврши на првото место со предност од 8.562 секунди пред тимскиот колега на Карлос Сајнц. Макс Верстапен од Ред Бул го освои третото место.

- Беше тежок викенд, имав проблеми поради не најдоброто чувство кога го возев болидот, но бев сигурен дека ситуацијата ќе се подобри на трката, и тоа се случи. Многу сум задоволен од исходот. Прво и второ место за тимот - повеќе не можевме да сонуваме. Направивме одлична работа. Болидот имаше навистина добро темпо. Ова е заслуга на инженерите. Целиот тим работи одлично. Остануваме фокусирани на титулата, изјави Леклер за „Sky Sports“.

Тој ја забележа својата трета победа во сезоната 2024 по етапите во Монако и Италија. Во моментов Леклер е трет во поединечниот пласман со 84 бода заостанување во однос на Верстапен.

Мекларен води во шампионатот за конструктори со 544 бодови. Ред Бул е на второто место со 504 бодови, Ферари е на третото место со 496 бодови.

Повторно е отворена фонтаната ди Треви во Рим, но само за ограничен број туристи

Фонтаната ди Треви во Рим вчера повторно е отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување пред јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.

Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.

На инаугурацијата на оваа легендарна знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, како и градскиот советник за туризам, Алесандро Онорато, советникот за култура, Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство, Клаудио Паризи Пресиче.

Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители истовремено со цел да се избегне присуството на голем број луѓе.

Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено негово воведување, изјави Гуалтиери.

За време на работите за одржување, беше поставена патека за туристите да ја видат римската атракција додека се чистеше.

На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „кофа“ од преминот, изразувајќи ја својата желба да се вратат во Вечниот град.

Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба

Неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.

Од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата. Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.

ВМРО-ДПМНР работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.

ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите.

До некаде, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа треба јавно да излезат и за им се извинат на македонската јавност, се наведува во партиската реакција.

Честитка од првиот човек на УЕФА, Чеферин, за изборот на Омерагиќ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин му го честиташе изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Чеферин во писмото изразува уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот.

„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата Федерација и вашата држава го заслужуваат“, порачува Чеферин во писмото до Омерагиќ.

притисни ентер