Легендарниот Фиќо денеска го слави 64. роденден (ФОТО)

На 18. октомври беше произведен првиот примерок на Застава 750 , популарниот Фиќо , кој буди носталгија кај пшовозрасните жители на целиот регион.

Лиценцираниот „Фиат 600“, со мали измени и неколку варијации во производството, останува да се произведува до 18 ноември 1985 година, кога е изработена последната копија. Вкупно се произведени 923.487 примероци, со што Застава 750 е најпопуларен автомобил на патиштата во поранешната Југославија. Колку за потсетување на оние кои го паметат Фиќо. Малиот Фиќо бил и меѓуградско возило, со тоа што наместо со авион се патувало на одмор со него,се вели во слоганот на Застава.

Првите 25 парчиња од овие мали автомобили, беа направени во 1955 година во Крагуевац.

Се започна и се одвиваше во поранешната Тополивница во Крагуевац , основана во 1851 година. Потоа прерасна во Артилериска управа и во Воениот технички институт. Во пресрет на Втората светска војна, во воениот технички институт биле монтирани 250 камиони „Шевролет“. За овој бизнис е основано училиште во 1939 година, а право на упис имале на оние кои го завршиле понискиот курс со положен магистерски испит. По војната, автомобилите почнаа да се обновуваат во Крагуевац во 1953 година. Потоа беа монтирани џипови на џип Вилис. Истата година, во јуни, Работничкиот совет на ЦЕС разговараше за почеток на постојано производство на возила.

Наскоро, започна меѓународен натпревар, за да се избере најдобрата понуда за соработка со странство. Се пријавија Французите со Рено, Англичаните со Ровер и Остин, Австријците, американскиот џип и италијанските компании Алфа Ромео и ФИАТ.

Секое возило во конкуренција за производство во Крагуевац морало да го помине тестот - пат долг 4,450 километри, од кои 1.680 километри по исклучително тежок, ридски терен. Скоро непроодни патишта и лошо време биле намерно избирани. На крајот од пробата, ФИАТ ги собрал најголемиот број поени со својот AR 51/55. По преговорите на 12 август 1954 година, беше склучен договор за лиценца помеѓу Застава и ФИАТ.

Канал 5 во манастриот Богородица Елеуса познат по крстот на бесконечноста

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. 

Што е бесконечноста во нашата религија?

Воскресението и Христос

Христовото воскресение е суштината на христијанството, без него верата ќе беше празна, раскажува отец Стоил Димитриев во вековниот манастир Пресевета Богородица Елеуса или Милостлива во струмичко Вељуса раскажуваше за воскресението и за неговата верба во него.

Манастирот свиен во зеленилото и мирот тивко сведочи за религијата и неговата историја, сите преживени премрежја посебености и убавини што ги има само тој. Изграден во 11 век во времето на визнатиската империја бил омилен на тогашниот Алексиј Комин го ослободил од плаќање на данок. Неговиот симбол е познатиот вељушки крст или крстот на бесконечноста што е вграден со тули во самиот манастир.

На влезот од манастирот ве пречекуваат оригинални делови од најстариот мермерен иконостас и фрагменти од мозаичните декорации на подот, кои и покрај многуте несреќи и пожари сведочат спокојно дека тие се уште се во манастирот цели 1000 години. Мошне е ретка и фреската на Исус во куполата, бидејќи Исус ретко се прикажува како дете на 12 години. Отец Димитриев раскажува дека во денешното брзо време луѓето матријално имаат се, ама духовната храна ја немаат за неа се гладни. Пред нив но не ја гледаат. Денешницата бара инстант решенија, во црквата нема брзи решенија.

Во манастирот има монахињи, тие во секоја нивна активност ја кажуваат исусовата молитва затоа тука се е убаво и спокојно, раскажува отецот. Тие во нивната продавница имаат чаеви, сапуни. А секој посетител за вековната убавина на вељушкиот манастир монахињите со благослов ќе раскаже за симболите на манастирот и религијата.

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

По четири години во бегство кондовецот Агим Красниќи е упасен во Косово кој се бараше со меѓународна потерница.

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапесни се четири лица, македонски државјани. Според информациите се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

Потврда добило и македонското министерство за внатрешни од Интерпол, потврдуваат за Канал 5.

Косовоската полиција соопшти дека тројца од нив се бараат за тепачка и пукање што се случило лани во Урошевац.

-Четири лица се спроведени во полициска станица, поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија,--Полиција на Косово.

Агим Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. По скоро 13 години поминати зад решетки, Красниќи избега по слободен викенд од штипскиот затвор каде ја извршуваше казната во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

Активна е и меѓународната потерница за Бесим Красниќи кој се бара за дела како кражба, разбојништво, предизвикување општа опасност, тероризам, насилство. И во потерницата за Фадил Точи се наведени тероризам, насилство, тргување со оружје и други дела. На сите им е определен 48 часовен притвор со цел спороведување на истрага. За екстрадиција на Агим Красниќи е рано да се одлучува со оглед на тоа што првин треба да одговараат за делата кои таму ги сториле, а потоа македонското министерство за правда да ја започне постапката.

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес

Антикорупционерите будно го следат изборниот процес, тврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

Од денот на распишувањето на претседателските и парламетнарните избори, Антикорупциска оформила вкупно 45 предмети за кои имаат сомневања дека се поврзани со коруптивни дејанија, а од државните институции добиле околу 400 барања за мислење што смеат, а што не смеат да прават за време на кампањата по што исто така се изготвени предмети, информираше Димитровска, во интервју за Радио Слободна Европа.

„ Офоремни се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети. “Татјана Димитровска – ДКСК.

Димитровска вели дека Антикорупциската комисија исто така ќе покрене иницијатива за утврдување на одговорност кај инситуциите во врска со постапката за прием на нови 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, откако Вишиот управен суд одлучи да ја одбие жалбата на Академијата со што постапката за полагање на испити и засновање на работен однос беше ставен во мирување се до завршувањето на изборите.

-Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.- Татјана Димитровска – ДКСК.

ДКСК по сопствена иницијатива во изминатиот период оформи два предмети. Едниот се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана, а вториот предмет за набавка на медицинските возила во Министерството од здравство.

притисни ентер