„Сега има војна во Европа и тоа ги загрижува граѓаните. Во оваа војна треба добро да размислиме како да се однесуваме мудро, како да се однесуваме внимателно, ... да се однесуваме внимателно кога станува збор за војна и мир“, рече тој во интервју за германскиот ТВ канал ЗДФ.
Канцеларот рече дека го „нервира“ тоа што речиси три години има изјави дека нешто не е доволно направено, дека уште нешто треба да се направи, додека, како што наведе, често не се забележува дека актуелната германска влада „одамна стана главен снабдувач на помош за Украина“.
Тој додаде дека е убеден дека токму поради тоа што Германија е најголемиот и најсигурен поддржувач на Киев, „нема право да прави одредени работи“, како што се пренесување ракети со долг дострел и дозволување на веќе пренесеното германско оружје да гаѓа цели на руска територија.
„Мислам дека таквиот курс е поддржан од мнозинството граѓани, а тоа ќе биде можно само доколку продолжам да го застапувам“, рече Шолц и вети дека нема да се повлече од овој курс, „колку и да добие приговори.
Шолц истакна дека Германија не само што не е нуклеарна сила, туку голема земја во центарот на Европа која треба „многу внимателно да размисли што прави“.