ЛДП од Штип стартуваше со трибините „Размислувај различно"

Либералано-демократската партија (ЛДП) вечерва од Штип ги почна трибините „Размислувај различно" на кои со граѓаните и членството се разговара и се презентираа различните ставови и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски истакна дека тие се трета опција во земјава и имаат принципелни ставови.

-Целта ни е да ги презентираме нашите ставови од економијата, на пример ние бевме против прогресивниот данок, сега се виде дека сите останати се вратија на рамниот данок, како политика којашто ја задржавме од 1998 година, се боревме за неа и имавме принципелни ставови. Ние се бориме за малите бизниси, за приватниот капитал, претприемачите, а не за крупниот капитал, за него во светот се борат демохристијаните, социјадемократите се борат за социјалните, работничките права, вели Милевски.

Тој истакна дека на трибините ќе опфатат и многу табу теми за државата, какошто се легализацијата на марихуаната, превработеноста во јавната админситрација, ограничување на бројот во администрацијата и насочување на парите кон приватниот сектор.

-Значи се она што големите не сакаат да го истакнат, бидејќи се плашат да не го разочараат гласачкото тело. Ние сме тука да предочиме без популизам, реално да ги согледаме сите аспекти на животната средина, мерките коишто треба да се преземат, рече Милевски.

Претседателот на ЛДП порача дека тие како партија се залагаат за една изборна единица.

-Тоа е реално, тука е и нашата пратеничка, којашто е дел од потпишаните 16 пратеници, коишто достваија предлог до Собранието. Сега на ред се пратениците да се изјаснат дали се за, ја поддржуваат оваа иницијатива, а за тоа треба само 61 пратеник. Мислам по моите математики дека 64 или 65 пратеници се спремни да го дадат гласот за една изборна единица, вели Милевски.

Забележа дека по ова прашање партиите треба да имаат консензус, затоа што какошто рече, утре ако на власт дојде друга политичка опција може да направи друг модел без да ги консултира останатите партии.

-Затоа сме за консензус, меѓутоа доколку тој консензус е на штета на демократијата и на демокртаскиот развој треба еднаш да се пресечи и да се ослободи Македонија од влијанието на лидерот во партијата, којшто потоа се рефлектира и на државно ниво и велиме дека има заробена држава, односно тоа е токму поаѓа од големата моќ, којашто ја има лидерот, којашто би се нарушила, ако особено има отворени листи на изборите. Доколку нема простор за една изборна единица, ние се залагаме да се задржат постојните шест изборни единици, но да има отворени листи, рече Милевски.

Смета дека на овој начин самите граѓани од градовите и од изборните единици ќе ги формираат листите, а не лидерот на партијата. На овој начин ќе се види и кој ја има поддршката за да се најде на листите. Милевски којшто е и актуелен министер за локална самоуправа на новинарско прашање за објавените огласи од страна на државни институции, министерства, општини и агенции вели дека во одредени институции поради заминување на вработени во пензија или странство не можат да функционираат, а во други пак институции има превработеност.

-Затоа треба да се направи еден пресек и анализа каде имаме превработеност, а каде има недостаток на кадри, па можеме да направиме прераспределба, на нас не ни е важно дали ќе има оглас или ќе преземеме од друга институција. Секој да биде функционален на местото, каде што работи. Општините мислиме дека треба да се ограничи бројот, секоја општина да се знае колку може да вработува, па ако некој оди во пензија или замине по било која основа од работа неговото место да се пополни со друг, рече Милевски.

Тој очекува од буџетот за 2020 година да бидат распределени 450 милиони денари за проекти кон општините, односно осумте плански региони преку Програмата за рамномерен регионален развој. Се надева дека општините ќе го следат примерот на Штип, којашто со средства од оваа програма, но и со сопствени средства гради детска градинка, а не да се насочат кон помали проекти или кон купување на нови автомобили и вработувања./MИА

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме

Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија.

Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.

По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија.


За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

Марио Гомез за изгледот на Озил: Не знам која му е целта

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (35) се повлече од играњето на почетокот на 2023 година и оттогаш работи на трансформирање на своето тело.

Озил низ кариерата беше слаб, лесен напаѓачки играч за врска, но во последно време тренира со тегови во теретана. Резултатите се видливи, а снимките и фотографиите ги објавува на Инстаграм.

Озил ја помина својата кариера играјќи на врвно ниво. Започна во Германија, играше за Шалке и Вердер, а потоа се пресели во Реал Мадрид и Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција. Освои десет клупски трофеи, а со германската репрезентација беше светски првак во 2014 година.

Сонародникот на Озил и пензиониран напаѓач на Баерн, Марио Гомез (38) зборуваше за физичката промена на Озил во подкастот на Билд: „Се восхитувам како се справува со тоа. Но, јас сум поддржувач на средината бидејќи доживеав осцилации во двете насоки и знам дека екстремите не водат кон ништо добро не знам која му е целта.

Не е за мене, но не е тоа поентата. Кога ќе ја завршите кариера во која сте фалени и охрабрувани со години, природно е да го барате она што ве исполнува. Месут изгледа го нашол во теретана. Играше со Роналдо и можеби помислил: „Сега имам време да станам мал Кристијано“.

Гомез зборуваше и за Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој освои сѐ што можеше и кој е познат по својата неверојатна индивидуална работа, поради што и на 39 години се уште игра за Саудиска Ал Наср.

„Можете да мислите што сакате за Роналдо, но кога зборуваме за инфлуенсери, тој имаше позитивно влијание на цела генерација. Секој ден покажува колку труд треба да се вложите за да имате такво тело, а младите играчи го следат Веќе не пијат алкохол, во слободно време се во теретана, имаат приватен физиотерапевт и сите пијат филтрирана вода.

Посветеноста и професионалноста се многу повисоки денес и тоа има многу врска со Кристијано. Дури и Лионел Меси е на пат да стане Роналдо. Одеднаш и тој виси во теретана затоа што знае дека треба да удри гас. Тоа е моќта што социјалните мрежи можат да ја имаат“, рече Гомез.

Гомез во текот на својата професионална кариера играше за Штутгарт, Баерн, Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург. Шест пати беше најдобар стрелец во различни натпреварувања, освои осум клупски трофеи и ја заврши својата играчка кариера во 2020 година. Денес работи како технички директор на РБ Лајпциг.

притисни ентер