Потребни состојки: 500 гр. лазањи, 500 гр. мелено месо, 300 гр. свежи печурки, 1л. неутрална павлака, 1 чаша доматен сос, малку маслиново масло, 1 морков, 1 црвена пиперка, 1 главица кромид, 500 гр. рендан кашкавал, малку пармезан, малку моцарела, малку соја сос, малку сол, бибер, оригано, кумин, морско оревче, лук во прав и босилек.
Постапка:
Во тава со малку маслиново масло се пропржува ситно сечкан кромид.
Се додава меленото месо и се продолжува со пржењето.
Се зачинува со малку: сол, оригано, лук во прав и босилек.
Потоа се додава рендан морков и сечкана црвена пиперка.
За тоа време во сад со млака вода вкрстено се редат лазањите.
Во тавата со меленото месо се додаваат сечкани печурки и се продолжува со пржењето.
Се додава доматен сос и се зачинува со малку бибер.
Состојките се промешуваат, се додава малку соја сос и се зачинува со малку кумин.
Во тава премачкана со масло се реди еден слој лазањи и врз нив се става од смесата во тавата.
Одозгора се става: рендан кашкавал, малку пармезан и моцарела.
Истата постапка се повторува се додека не се исполни тавата.
Последиот слој лазањи се полева со неутрална павлака зачинета со морско оревче.
Врз нив се става рендан кашкавал и малку мозарела
Се пече во загреана рерна околу 40 минути.