Лабораториски испитувања: Нема сериозни оштетувања од пожарот кој ја зафати Универзална сала

Никакви сериозни оштетувања не предизвикал пожарот кој ја зафати Универзална сала пред два месеци.

Ова го покажале последните лаборатористки испитувања на дел од опожарените елементи.

Професорот Михаил Гаревски вели дека елементите на куполата од салата добиле набабрување поради високата температура од околу 500 степени.

Сепак, среќна околност според него, е што истите не се извиткале од високата температура.

Гаревски додава дека по завршувањето на целосниот извештај за опожарениот објект, може без проблем да продолжи реновирањето на салата.

Според Гаревски, за среќа пожарот не траел премногу долго, со што се избегнати поголеми оштетувања.

Пожарот во Универзална сала избувна на 9-ти април само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција.

Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација е причината за пожарот.

Натопете ги од вечер и изедете ги, наутро ќе се испразните!

 Ова овошје ги чисти цревата како булдожер, не ви потребно ништо друго за детокс!

Ако имате проблем со запек пробајте го ова природно решение!

Констипација или запек е дигестивен проблем кој може да има различни манифестации. Столицата станува тврда, поминувањето низ цревата е отежнато, а празнењето на цревата се случува поретко - помалку од три пати неделно. Многу луѓе кои страдаат од запек имаат потреба од напрегање и чувство дека нивните црева не се целосно празни.

Запекот е широко распространета појава која погодува голем број луѓе. Различни фактори можат да придонесат или да предизвикаат запек, а кај повеќето луѓе оваа состојба е резултат на повеќе фактори.

Доктор Дејан Чубрило, специјалист по спортска медицина и професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац, открива што претставува детоксикацијата според него и како најбрзо да се „исчистиме“ однатре.

- Детоксикацијата денес е тренд. Јас сум против таа мода во смисла „три дена правам детоксикација“ или „три дена сум на пост“. И јас сум против ставот „10 дена го земав овој или тој сок“. Детоксикацијата мора да биде систем. Кога во нас има премногу токсини, тоа значи дека нашата рамнотежа е нарушена, а како е нарушена тоа е многу важна работа – изјави овој доктор за една емисија.

Тој зборуваше за тоа што за него значи успешна детоксикација, која нормално се смета за природен процес на неутрализација и исфрлање на отровите од човечкото тело.

- Успешната детоксикација значи да ги поттикнеме цревата од минус фаза во фаза да почнат да функционираат. Тоа значи барем една столица дневно, но само една. Метаболизмот е фабрика каде од она што се внесува во телото се добива енергија. Тоа е брз метаболизам, а не оној што работи така што постојано летате во тоалет – изјави докторот.

Многумина мислат дека почестата столица е знак за добар и брз метаболизам, но не и доктор Чубрило.

- Доколку имате повеќе столици дневно, тоа не е брз метаболизам, туку знак дека вашето тело не ја вари правилно храната. Една урма, не пет, една урма, една смоква - ова буквално е булдожер и багер за чистење на цревата. Потопете урма или смоква во вода и изедете ја – изедете го тоа пред спиење. Ако еден час пред спиење изедете една смоква, тоа ќе ве смири, а потоа ќе ви ги исчисти цревата и жолчката, и ќе ви даде енергија. Вашите клетки ќе се нахранат – изјави докторот.

Брачна советничка порачува - Не мажете се за маж со овие 4 особини!

Изборот на партнер за соживот е една од најважните одлуки што ги носиме.

Љубовта е прекрасна, но бракот бара многу повеќе од чувството на приврзаност. Според советничката за семејство и брак Тина Феј, одредени особини можат да бидат предупредувачки знаци дека партнерот можеби не е вистинскиот избор за брак. Подолу се дадени клучните особини што треба да ги избегнувате за да обезбедите здрава и среќна врска.

1. Недостаток на почит

„Почитувањето е основа на секој здрав однос. Ако вашиот партнер ве омаловажува, ги игнорира вашите чувства или потреби или не ве цени како рамноправна личност, тоа може да доведе до сериозни проблеми во иднина. Вие заслужувате некој што цени вашата индивидуалност и ќе го почитува вашето мислење“, објаснува Феј за „Hack Spirit“.

2. Емоционална недостапност

Партнерот кој е емотивно далечен или избегнува подлабоки разговори често создава чувство на осаменост во врската кај другиот партнер. Советничката истакнува: „Емоционалната поврзаност е клучна за здрава врска. Ако се чувствувате запоставено и несакано, можеби е време да ја преиспитате вашата врска“.

3. Недостаток на амбиција

Амбицијата не мора да значи големи цели во кариерата, но партнерот треба да има цел или некаква страст, вели Феј. „Без каква било желба за личен развој или заедничка иднина, врската може да стагнира. Заедничката визија е клучна за долгорочниот успех на врската“, објаснува таа.

4. Непочитување на границите

Границите го дефинираат прифатливото однесување во врската. Партнерот кој ги занемарува вашите емоционални, физички или ментални граници покажува недостаток на почит и разбирање.

„Почитувањето на границите е основа за здраво партнерство. Затоа љубовта е важна, но не е и доволна за успешен брак. Препознајте ги предупредувачките знаци и не плашете се да заминете од однос кој не го поддржува вашиот раст, среќа и благосостојба. Вистинскиот партнер го поттикнува најдоброто во вас и не создава дополнителен стрес“, заклучува советничката.

Скандал на свадба: Невеста избега од олтарот, откако ѝ шепнаа нешто (ВИДЕО)

Свадбите секогаш будат силни емоции, а кај невестата и младоженецот тоа особено се истакнува кога ќе дојдат на свадбениот олтар.

Често се случува да се запрашаат дали донеле правилна одлука, објави Курир.

Меѓутоа, една невеста не се сомневала и побегнала непосредно пред да го каже судбоносното да на својот избраник. Овој момент го уловија и камерите, а сѐ заврши на интернет.

@fashionpulis Video courtesy of @Sam YG #biggestweddingoftheyear #FashionPULIS #blinditem #labubu #dimond #diamonds #billionaire #traveltiktok #philippinestiktok #tiktokphilippines🇵🇭 #kimsdiary #ifern #richardmille #rolex #audemarspiguet ♬ original sound - Fashion PULIS

Сè изгледа идилично, младоженецот и невестата застанаа еден до друг, се гледаа заљубено и беа подготвени да ги кажат своите завети. Меѓутоа, во еден момент на невестата ѝ пришла девојка, веројатно нејзината кума и нешто ѝ шепнала. Следуваше драма. Невестата бесно истрчала од салата и никој не можел да ја стигне.

Таа само го погледна младоженецот, му го даде бидермаерот и исчезна во солзи.

Судејќи по коментарите под видеото, станува збор за наводна реклама, некои велат дека сѐ е инсценирано, а има и такви кои напишале дека биле во слична ситуација или дека виделе како невестата или младоженецот се предомислиле на последен момент.

притисни ентер