L'Ekip: Ѓоковиќ ќе се врати ан терените на турнирот во Хамбург

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот по операцијата на коленото на турнирот во Хамбург, кој што започнува на 15 јули, објави угледниот француски весник Л'Екип.

Според информациите, Ѓоковиќ теоретски би можел да игра на Вимблдон кој започнува на 1 јули, но поизвесно е дека нема да ризикува поради големата желба да го освои олимпиското злато - единствената титула што ја нема освоено во кариерата, пренесе Телеграф.

Турнирот во Хамбург се игра на земјена подлога, што е дотолку повеќе причина тоа да биде генерален тест за стартот на Олимписките игри на 27 јули, кои исто така ќе се играат на Ролан Гарос.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ од следниот понеделник нема да биде тенисер број еден во светот, а тоа место ќе го заземе Јаник Синер, додека постои можност и Карлос Алкараз да го надмине Новак доколку го освои турнирот.

Украина нападна нафтено складиште во руската Калушка област

Украинската армија изврши напад врз нафтено складиште во Калушка област, Русија.

Во соопштението се наведува дека украинските сили погодиле „значајни цели“ во Брјанската и Курската области, кои се граничат со Украина.

Русија сè уште нема официјална реакција за нападите.

Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Русија и други противници на Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција за засилување на кибер-нападите врз националната инфраструктура, предупреди британскиот министер Пат МекФеден на НАТО конференцијата во Лондон.

Министерот најави формирање на истражувачки центар во Лондон – Лабораторија за безбедност на вештачката интелигенција (LASR), со цел справување со новите безбедносни предизвици. Според него, нападите најчесто доаѓаат од Русија и целат на електроенергетската мрежа.

МекФеден нагласи дека Обединетото Кралство веќе се соочува со „дневна реалност“ на кибер-војна, а нападите се насочени кон НАТО сојузниците кои ѝ помагаат на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна предупреди на „одмазднички напади“ врз земји кои ѝ обезбедуваат оружје на Украина. Според „Гардијан“, иако директен воен напад е малку веројатен, засилени кибер-напади остануваат реална закана.

Салах разочаран од Ливерпул

 Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул во последните неколку сезони, Мохамаед Салах, ирази незадоволство од однос на клубот кон него.

-Речиси е декември и не добив никакви понуди за продолжување на соработката. Сум разочаран, повеќе би сакал да бидам надвор од клубот отколку во него. Знаете, јас сум во клубот многу години, нема друг како него. Но, на крајот, тоа е надвор од моите раце. Како што кажав, декември е и сè уште не сум добил ништо во врска со мојата иднина, изјави Салах.

Според англиските медиуми, Ливерпул допрва треба да му понуди нов договор на Салах.

Актуелниот договор на 32-годишниот крилен напаѓач е до крајот на оваа сезона кој викендов беше стрелец на два гола во победата (3:2) над Саутемптон.

Во само 12 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, египетскиот интернационалец постигна 10 гола и шест асистенции.

притисни ентер