Кумановските „Костури“ дел од лигашко натпреварување

 Кумановските „Костури“, првиот регистриран клуб за американски фудбал во земјава, наскоро ќе почне со натпревари во лигата на соседна Србија, информираа денеска од клубот.

Тие во српската лига ќе бидат сместени во јужната дивизија, каде што ќе се натпреваруваат против екипите од Бор, Пожаревац и од Ваљево.

Натпреварите ќе бидат одиграни во три викенда, 23/4 септември, 7/8 октомври и 21/2 октомври, а турнирите ќе се одржат на гостински терен за нив, во градовите од каде што се екипите во нивната дивизија. Финалниот турнир ќе се одржи на 4-ти или 5-ти ноември годинава, веројатно во Белград. „Костурите“ изминатиов период како неофицијална репрезентација учествува на турнир во Србија каде ги зацврстија контактите со официјални лица од Српската Асоцијација на Американски фудбал (СААФ), што резултираше со покана за учество во српската сениорска лига во флаг фудбал.

За „Костурите“ ова е преоден период сè додека не се формира македонска национална асоцијација на американски фудбал. Тие постојано вложуваат во промоција на спортот во државава. Годинава се натпреваруваа и во Хрватска каде е пласираа како 9-ти од вкупно 21 екипа, оставајќи зад себе поуспешни и поискусни екипи од Балканот, но и од Европа.

Флаг фудбалот (бесконтактна верзија на американскиот фудбал) доживува експоненцијален раст во светски рамки. Неговата инклузивност овозможува на деца од најмала возраст да се приклучат на спортот. Во САД долго време е третиран како подготовка за контактната верзија на спортот, голем процент од играчите од НФЛ во својата најрана возраст биле дел од флаг фудбал екипи. Сепак, се повеќе се развива стручноста во овој спорт и се повеќе сениори остануваат во него. Полот исто така не е пресуден, што го покажува фактот дека на европското првенство до 15 години екипите сè уште се мешани, дури некои федерации имаат и правило 50 проценти од екипата да биде составена од девојчиња. Женскиот флаг фудбал е исто толку, ако не и поатрактивен од машкиот (што е вистинска реткост во кој било спорт), а некои од најголемите амбасадори на спортот во светски рамки се играчи од женските селекции на САД и Мексико. До крајот на годината се очекува одлука од надлежните органи на Олимписките игри за внесување на нови спортови во 2028-та година во Лос Анџелес, а флаг фудбалот е убедлив фаворит за прв пат да биде избран.

Благодарејќи на „Костурите“ од Куманово, овој спорт во 2018-та година пристигна и кај нас, а во 2022-та година сето тоа се официјализираше и беше регистрирано како прв клуб на американски фудбал во земјата. Тие секојдневно работат на популаризација на флаг фудбалот кај нас преку различни настани низ целата земја. Сето тоа започна од сега веќе традиционалниот „Графити Фест“ во Куманово, беа дел од меѓународно-популарниот „Д Фест“ во Дојран, „Парко 2047“ во Битола и најновиот „Jojo’s United“ во Љубаништа, Охрид. Заедничко за сите тие настани е тоа што ги организираат и на нив присуствуваат огромен процент на млади луѓе, коишто како што кажаа на нашето прво дружење, сакаат да ги вратат на спортските терени и да ги вклучат во флаг фудбалот. Тие ги поканија сите да се приклучат во нивната екипа. Податоци можат да се најдат на социјалните мрежи.

Бугарија до 16 декември треба да одговори во однос на пресудите на судот во Стразбур

Доколку не ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права Бугарија би можела да се соочи со исклучување од Советот на Европа, смета адвокатот Тони Менкиноски застапник на неколку случаи на македонските здруженија во Стразбур.

Последната одлука на Комитетот на министри е исклучително важна во борбата за правата на македонците, вели Менкиноски со оглед на тоа што во Бугарија веќе е формирана Работна група и има конкретни чекори кои предвидуваат законски или уставни измени кои ќе овозможат регистрација на македонските здруженија.

-Совет на Европа бара оваа мерка да биде конкретна до 16 декември, ако не се направи ништо конкретно јасно укажува во точка 8, ако не се направи конкретен и опиплив напредок ќе се започне со политички дијалог со бугарските власти. Тоа значи дека Бугарија ризикува ако не се направи ништо да се започне постапка за исфрлање на Бугарија од Советот на Европа. – Тони Менкиноски – Адвокат

Комитетот на министри на Советот на Европа во одлука пишува и дека:

...Повеќе од 18 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да го постигнат признавање на македонското малцинство“ и понатаму рутински им се одбива регистрацијата главно поради поширокиот проблем на неодобрување на нивните цели...

....додавајќи дека пресудите на ЕСЧП не носат обврска за признавање на групата лица како малцинство.

И од здружението ОМО Илинден очекуваат до крајот на декември Софија да даде конкретни одговори како ќе му овозможи на македонското малцинство регистрација на здруженијата. Сметаат дека документацијата не е никаков проблем туку судскиот систем и двојните стандарди кои не дозволува да се регистрираат здруженија на Македонското малциснтво во Бугарија.

Почина член на шведската група АББА

Поранешниот тапанар на познатиот шведски бенд ABBA, Роџер Палм, почина на 75-годишна возраст, пишува Aftonbladet.

Според извештаите, музичарот боледувал од Алцхајмерова болест.

– Роџер Палм, легендарниот тапанар, почина во саботата од Алцхајмерова болест – објави шведскиот весник.

Познатиот музичар е роден во 1949 година.

Свиреше во бендовите Gimicks, Beatmakers, Moonlighters, но се прослави како тапанар на ABBA.

Ахмети: Преиспитување на Законот за јазиците може да предизвика длабока криза

Преиспитувањето на законот за јазиците би било враќање во минатото смета лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во пресрет на очекувата одлука на Устванито суд, тој предупредува дека на такво начин ќе се креираат длабоки кризи.

„Да не се навраќаме наназад и да гледаме како да се придвижиме напред. Да воспоставиме траен мир, а не да се трудиме да креираме длабоки кризи кои не не водат никаде и не ни помагаат.“- Али Ахмети – претседател на ДУИ

Ахмети изјавата ја даде пред денешната средба со претседателката на албанското собрание Елиса Спиропали, кој отиде чекор подалеку... во својот говор на прес конференцијата со нејзиниот колега Гаши, и надвор од вообичаената дипломатска пракаса, коментираше дека очекува одлуката на Уставен да биде согласно Охридскиот договор.

-Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет. Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.- Елиса Спиропали – претседателка на Собрание на Албанија

Законот за јазици беше изгласан во 2018 година и објавен во Службен весник без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дури потоа беше испратен до Венецијанската комисија, а во одговорот оттаму најмногу забелешки имаа за судските постапки, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски. Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, но во пракса тоа не се случи.

Неодамна претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски изјави дека поради бројните дилеми и недоверба во Законот, судиите следниот месец ќе носат уставно-правна и аргументирана одлука за овој предмет, кој е формиран уште во 2019та година по поднесени 13 иницијативи од граѓани, политички партии и здруженија.

Претходно минатава недела, Уставен ги замрза и актите за балансерот, кој, според најавите, ќе биде заменет со Закон за правична застапеност на етничките заедници.

притисни ентер