Кумановецот Данило Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Второ место на светскиот куп во кик-бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на кик-бокс клубот „Предатор“, информираа денеска од клубот. Натпреварот се одржа викендов во Италија.

Методиевски се натпреварувал против учесници од Италија, Хрватска и Чешка. Тој ги совладал натпреварувачите од Италија и Хрвастка, но загубил во третата борба и станал светски вицешампион. Ова е највисок резултат за Данило и за клубот од Куманово.

– Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски, „Фрагмат“, „Блек Вајпер Сквад“, „Бучен Козјак“ и теретана „Чили Џим“, велат од КБК „Предатор“. /МИА

Фото: Северина ужива за сите пари

Балканската музичка ѕвезда Северина покажа како вистински ужива на летниот одмор.

Мегапопуларната Севе се пофали дека била на одмор на некоја егзотична дестинација.

Нејзините фанови на социјалните мрежи се воодушевени од ставата на Севе во секси бикини.

ГФК Тиквеш реагира кон ФФМ за поништен гол

ГФК Тиквеш изрази јавно незадоволство од судењето на помошниот судија Гоце Петрески, во натпреварот од 6-то коло на Првата Македонска Фудбалска Лига, одигран на домашен терен против ФК Вардар. 

„Почитувани,

Во врска со натпреварот од 6-то коло во Првата Македонска фудбалска лига, кој на домашен терен го игравме против ФК Вардар, сметаме дека ГФК Тиквеш е видно и планирано оштетен од вториот помошен судија Петрески Гоце од Скопје, кој во 96 минута од натпеварот поништи исправно постигнат гол на нашата екипа со сигнализирање непостоечка офсајд позиција.

На неговата одлука со право бурно реагираа фудбалерите и целата публика, бидејќи сите видоа дека одлуката му е погрешна. Во еден момент покрај аут линијата судијата Гоце Петрески сакајќи да ја сокрие својата грешка, легна на тревникот симулирајќи повреда која наводно ја добил од предмет фрлен од публиката, иако покрај него имаше тројца редари на клубот кои тврдат дека судијата не беше погоден со никаков предмет. (може да се види на снимениот материјал од натпреварот).

Откако главниот судија Ставрев досуди крај и судиите се повлекоа во соблекувалната, нашиот клубскиот доктор разговараше со судијата Петрески дали му потребна лекарска помош, тој изјавил дека не му треба, а бил погоден со шише во дланката, но повреда нема и помош не му е потребна.

Исто така, сакаме да нагласиме дека не е прв пат судијата Гоце Петрески со своите сомнителни одлуки дирекно да делува на резултат на натпревар на кој игра нашиот клуб, а со тоа ја поттикнува домашната публика да предизвика инцидент, што резултира со изрекување на казнени санкции за нашиот клуб.

Ве замолуваме во иднина судијата Гоце Петрески да биде соодветно санкциониран и изземен од делегирање на наши натпревари, бидејќи е во тесна клубска поврзаност со раководството на Вардар и претседателот Неделкоски, со намера да помага во текот на првенството.

Очекуваме од Вас, како судиски одбор на ФФМ да се одважите и да превземете санкции за ваквото однесување на еден „европски судија“, бидејќи неговите грешки ги плаќаме ние клубовите кои сме оштетени, а ни се изрекуваат казни од дисциплинската комисија на ФФМ, што резултира со лоши резултати и нерегуларно првенство во Мак-фудбалот.

Спортски Поздрав !“

- ГФК Тиквеш до ФФМ.

Видео: „Паметен“ автомобил оставен да се паркира, заврши на сред улица

„Паметен“ автомобил бил оставен сам да се паркира – но наместо на паркинг завршил на сред улица.

Кинескиот автомобил Li L9 е опремен со најнапредните системи за автономно возење - но сепак успеа да „се збуни“.

Како што може да се види на снимката од една безбедносна камера, возачот излегол од својот џип и го оставил сам да се паркира, а на почетокот изгледало како да нема никакви проблеми.

Возилото прави неколку потребни маневри, движејќи се неколку пати напред-назад - сепак, но по неколку секунди и неколку неуспешни обиди да се паркира на саканиот паркинг, автомобилот завршува на сред улица.

На видеото се гледа како сопственикот трча по автомобилот за да ја врати контролата и да спречи можна сообраќајна несреќа.

Ова е прилично чудна ситуација, посебно за овој електричен џип, кој е опремен со систем за автономно возење базиран на два „Nvidia Orin-X“ чипови, заедно со мноштво други чипови, сензори и неколку HD камери.

притисни ентер