Миа од Даблин споделила неверојатна приказна на Редит. Таа има териер кој направил нешто неверојатно за нејзиниот татко. Кучето две години укажувало на присутен проблем, но било потребно време да разберат за што се работи. Еден ден териерот Сокс почнал да го лиже таткото на Миа по главата, а истото подоцна го направило и друго куче. Секогаш кога кучето ќе го сретнело таткото на Миа, се однесувало исто.
Ова траело две години, а семејството толку се навикнало на оваа негова реакција што престанале да го забележуваат.
Таткото на Миа трчал маратони и имал постојани болки во ногата. Тоа го толкувал како болки во мускулите додека еден ден не паднал. Кога бил прегледан од лекар кој не можел да открие што не е во ред со неговата нога, таткото на Миа бил упатен кај невролог кој открил канцероген тумор. Туморот се наоѓал токму на местото каде што го лижеле кучињата.
- Сокс го лижеше татко ми по главата повеќе од две години, постојано кога имаше прилика. Понекогаш ја ставаше шепата на неговото рамо и му ја лижеше и таа страна од главата. Пронајден е тумор - изјавила Миа.
По дијагнозата, лекарите го оперирале туморот на мозокот, а по операцијата, Сокс никогаш повеќе не го лижел по главата.
- Навистина не знаевме дека кучињата можат да откријат нешто толку сериозно како ракот. Бев толку млада што само си мислев дека се обидува да го „среди“ – рекла таа.
Пет години по неговата дијагноза, тој не заболел повторно од рак, но потоа му била дијагностицирана болест на моторните неврони, позната и како амиотрофична латерална склероза (АЛС). АЛС е ретка состојба која влијае на мозокот и нервите низ телото, предизвикувајќи слабост што се влошува со тек на времето. Без третман, АЛС може значително да го скрати животот и на крајот да доведе до смрт.
- Татко ми е во терминална фаза, многу му е лошо, има грчеви и вкочанетост во рацете и нејасен говор. Не може добро да оди и сега користи инвалидска количка. Тој е неверојатен човек и уште подобар татко – објаснила таа.
По дијагностицирањето на АЛС, Миа вели дека Сокс останал најверен и најдобар пријател на нејзиниот татко кој ретко го напуштал. Презадоволни од приказната, корисниците на Редит ги споделиле своите реакции на објавата, при што многумина споделиле и слични приказни од своите кучиња кои им помогнале да дојдат до дијагнозата.