Кривична против ексминистерката Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Пријавата до Основното јавно обвинителство ја поднело одделот за криминалистичка полиција. 

Причина за кривичната пријава е злоупотребата на службена положба поради неизвршување на својата службена должност. По донесената одлука од советот на Град Скопје и заклучокот од владата за пренесување на правото за реконстуркција на постојаниот објект на универзална сала. Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од еден милион и 870 илјади евра. Иако знаела и била свесна дека претходно склучениот Договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите.

-За ова од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен и на правното лице му исплатиле изност над 440 илјади евра.-Соопштение МВР.

Поднесувањето на кривична пријава против ексминистерката за култура на 29 Септември ја најави нејзиниот наследник на функцијата Зоран Љутков велејќи дека како министерство, по закон не може да финансираат или да градат објект што е локална установа. Канал 5 се обиде да стапи во конаткат со поранешната министерка Стојчевска но не добивме повратен одговор.

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри.

Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -6 степени во Скопје Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, -4 Битола, Велес, Куманово, Попова Шапка, -3 Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, -2 Лазарополе, -1 Гевгелија, Прилеп, 0 Охрид, Претор, 1 Виница, Дебар, Маврови Анови, како и 2 степена во Крушево.

Висината на снежната покривка е 44 сантиметри на Попова Шапка, 15 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Црна Гора е трета во светот според оружје што го поседуваат граѓаните

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје, објави потпретседателот на Самостојниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ.

„Од друга страна, проценките се дека граѓаните поседуваат најмалку 40.000, па дури и повеќе од 100.000 оружје во недозволено поседување. За толкаво вооружување на граѓаните потребна е сериозна анализа и реакција на надлежните институции“, рече Вукиќевиќ.

Според него, оружјето што е кај граѓаните со дозвола не е опасност за никого во државата, туку опасност е оружјето што се наоѓа во недозволено поседување.

Тој го најави и фактот дека Црна Гора е на трето место во светот по бројот на оружје што го поседуваат граѓаните, што треба да го загрижи целото општество, особено надлежните институции, бидејќи се поставува прашањето колку оружје има нелегално, објавија Независне новине.

Во 2015 година Црна Гора го донесе Законот за оружје, потсетува Вукиќевиќ, кој е усогласен со законодавството на ЕУ, а од таа година трае акцијата „Почитувај го животот, врати го оружјето“.

И покрај секојдневното одземање на нелегалното оружје во алармантни количини, оние кои се од другата страна на законот, според Вукиќевиќ, на овој или оној начин ќе добијат оружје, па, посочува, потребно е да се заострат казните.

„Казните се екстремно ниски и се движат од три месеци до осум години затвор, кои се изрекуваат за екстремни злосторства и се ретки во Црна Гора. Но, имавме и ситуација кога за тоа кривично дело беа изречени казни кои беа под минимумот и само со забелешка“, објаснува тој.

Премиерот Милојко Спајиќ најави заострување на критериумите за набавка на оружје, како и казните за недозволено поседување и носење оружје.

„Ќе ги разгледаме сите модули, дури и целосна забрана за употреба на оружје, и тоа доаѓа во предвид, ова е трагедија каде што треба да се запрашаме кој може да има оружје, а ние разбираме спорт и лов, но критериумите мора да се заострат. - изјави Спајиќ.

Воздушна тревога низ Украина, серија експлозии во Киев – има настрадани

Во Киев е прогласена воздушна тревога и се слушнале серија експлозии, јавија украинските медиуми, додавајќи дека едно лице загинало во напад со дрон.

Противвоздушните сили на Украина оперираат за пресретнување на проектили и беспилотни летала.

Воздушната тревога во овој и во другите региони се уште е во тек, објави украинскиот јавен сервис ТСН.

Како резултат на нападот во Киевската област, едно лице загинало, а четворица се повредени, соопшти в.д на шефот на Киевската ОВА, Никола Калашник.

Според него, загинал возач на камион.

Во друга област, урнатините од соборениот дрон паднале врз приватна куќа, при што бил запален покривот.Во друга населба во болница е пренесена жена поради повреди.

притисни ентер