Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари

Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело - банана залепена со лента за ѕид - јадејќи го овошјето.

Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата - ја изеде бананата.

„Ова беше многу подобра од други банани...Навистина е добар вкус“, рече Сан.

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање на новинари и активисти.

Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти.

АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“.

Во извештајот на АИ вклучени се и сведочења на новинари и активисти, кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека бил во притвор или за време на испитувањето.

Додека српската полиција тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите.

Активистите ја контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права. /МИА

Во Велика Британија, прекршителите ќе носат електронски уреди против алкохол за празниците

Околу 3.800 престапници ослободени од затвор или осудени на општествено корисна работа во Велика Британија ќе бидат опремени со електронски алки на нога за да не пијат алкохол за време на празниците, соопшти денеска владата во Лондон.

Овие уреди за следење, кои ги носат поединци на кои судот им наредил да се воздржат од алкохол, за прв пат беа користени во 2020 година. Системот го мери нивото на алкохол во потта и ги предупредува судските службеници доколку тој што го носи консумирал алкохол. Тажната реалност е дека криминалот поврзан со алкохолот, како што се семејното насилство и јавниот неред, го достигнува врвот на Божиќ, изјавил неименуван британски функционер..

МЗШВ: Исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство

Кон 32.798 земјоделци денеска се исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму додаваат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.

-Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, појаснуваат од Министерството.

Дополнително, нагласуваат, се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз.

притисни ентер