Крин Антонеску ќе биде кандидатот за претседател на Романија од проевропската коалиција

 Крин Антонеску е избран за заеднички претседателски кандидат на трите проевропски партии во Романија, соопшти Илие Боложан, лидер на Национално-либералната партија (НЛП).

Договорот за коалиција го потпишаа Социјалдемократската партија (СДП), НЛП, Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (ДСУР) и претставници на етничките малцинства. Главните цели се зачувување на местото на Романија во ЕУ и НАТО и одбрана на националниот идентитет.

- Стабилна влада во овој тежок период е клучна за реформи и развој, изјави Боложан.

Коалицијата планира и заеднички кандидат за претседателските избори, со цел да спречи радикално-десничарски кандидат да победи. Мандатот на актуелниот претседател, Клаус Јоханис, истече, но тој останува на функцијата додека не се избере нов претседател.

Првиот круг на изборите во ноември беше поништен поради сомневања за манипулации. Во вториот круг требаше да се соочат Калин Георгеску, независен проруск кандидат, и Елена Ласкони од центристичкиот Сојуз за спас на Романија./МИА

Протест на граѓаните на Загреб по нападот во основното училиште „Пречко“

Во центарот на Загреб од 18 часот се одржува протест кој има за цел да ја зголеми безбедноста во училиштата, по нападот што се случи во петокот кој го потресе целиот регион.

Во нападот што го извршил млад човек (19) со психички растројства загинало едно дете, а ранети се наставничка и неколку ученици.

На протестот во центарот на Загреб се собраа околу 200 луѓе, пренесува Индекс.

Граѓаните во центарот на Загреб носат транспаренти и палат свеќи.

Протестот го организираат три училишни синдикати, кои ја поканија јавноста да им се придружи.

Фановите на Џенифер Лопез се воодушевени од нејзиниот нов телохранител: Убаво ѝ прилега (ФОТО)

Папараците ја снимиле Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече нејзиниот нов асистент и телохранител.

Социјалната мрежа Х е преплавена со коментари за неговиот изглед, а некои корисници велат дека Лопез на фотографиите изгледа „среќно покрај него“.

„Изгледа подобро покрај овој човек отколку што изгледала покрај Бен Афлек“, „Нејзиниот нов телохранител е толку убав, тој изгледа како витез покрај неа што ја штити“, „Се надевам дека таа ќе го освои“, беа само некои од коментарите.

Според странските медиуми, овој човек почнал да работи за Лопез откако таа објавила дека се разведува од Афлек.

„Тој е нов член на нејзиниот тим за обезбедување, но не е единствениот. Таа има неколку телохранители околу себе секогаш кога излегува, тие едноставно едвај се гледаат“, изјавил извор за Дејли Мејл во ноември.

Потсетуваме, познатата пејачка и актерка неодамна се осврна на разводот со Бен Афлек и објасни како ги надминува тешкотиите кои ѝ се случија неодамна.

„Мислам дека некои работи не ми се случуваат мене и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа и додаде: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се сфати како лекција“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои ѝ се случуваат, а истакна дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучила таа.

Мажот кој со автомобил влета меѓу ученици во Кина, е осуден на условна смртна казна (ВИДЕО)

Маж од кинеската провинција Хунан, Хуанг Вен, е осуден на условна смртна казна бидејќи со својот автомобил влетал во ученици од основно училиште, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Нападот се случил на 19 ноември во седум часот наутро, кога Хуанг со своето возило прегазил 18 основци. Возилото застанало поради техничка грешка, а пријавениот излегол од возилото и продолжил да ги напаѓа луѓето во близина.

Во инцидентот повредени се вкупно 30 лица, а причинета е и голема материјална штета на јавен и приватен имот.

Според судот, Хуанг го сторил делото бидејќи претходно изгубил пари и се скарал со семејството.

Условната смртна казна значи дека казната може да се одложи или укине врз основа на одредени околности како што се нови докази или жалба.

притисни ентер