Крадците се фокусираат на еден дел од автомобилите - на удар се француските модели

Кражбата на автомобилски делови станува сѐ посериозен проблем, а најновиот тренд кај крадците се камерите за снимање рикверц.

Овие камери, познати и како камери за паркирање, често се оштетуваат во сообраќајни несреќи или додека се паркираат, поради што нивната побарувачка на црниот пазар вртоглаво порасна.

Сопствениците на Renault Captur се особено изложени на ризик, бидејќи камерата е скриена во задното лого на автомобилот. Крадците често го крадат задното лого, кое не само што ја претставува ознаката на производителот туку содржи и камера. Овој дел стана популарен плен за крадците бидејќи лесно се отстранува и може да се користи на многу модели на автомобили.

Причината за овие кражби не е само високата цена на оригиналните делови, туку и фактот што камерите се компатибилни со други возила. На пример, истата камера што се користи на Renault Captur може да се монтира и на петтата генерација на Renault Clio, Renault Megane IV, како и на моделите на Nissan. Оваа универзалност ја прави препродажбата значително полесна.

Цената на новите камери, според информациите на порталот за продажба на автоделови, се движи од 150 до 200 евра, што дополнително ги мотивира крадците да ги изберат овие делови. Во моментов на пазарот има сериозен недостиг на резервни делови, што ја зголемува нивната вредност и привлечност за криминалците.

Иако француската полиција евидентира „дузина пријавени случаи“, од службите на Рено доаѓаат информации дека се зголемува бројот на кражби, особено во Франција. Меѓутоа, проблемот е глобален, бидејќи сопствениците на Captur низ Европа пријавуваат слични ситуации, објави Ауто Клуб.

За сопствениците на овие возила, замената на украденото лого со камера станува голем трошок, особено кога се земаат предвид и другите трошоци за потенцијална штета.

Ужас во Романија: Тинејџер ја силувал својата 11 годишна сестра и снимките ги објавувал

Полицијата во Романија уапсила тинејџер (17) под сомнение дека ја силувал сопствената сестра (11), ја снимил целата работа, а снимката ја објавил на Интернет.

Момчето од Јаши е обвинето дека делото го извршил на крајот на јули годинава.

Според неофицијални информации, осомниченото момче ѝ се заканувало на сестрата, а потоа ја нападнал и силувал, а цело време злосторството го снимал на својот телефон.

На крајот снимката ја објавил на интернет.

Според романските медиуми, злосторството се случило на 27 јули, но родителите не знаеле ништо за тоа бидејќи девојчето молчело. На крајот решила да оди во полиција и да го пријави својот брат.

Истрагата е во тек, објави Телеграф.

Синот на атентаторот на Трамп е уапсен поради детска порнографија

Синот на човекот кој се обиде да го убие поранешниот претседател Доналд Трамп на неговиот терен за голф на Флорида, денеска е уапсен под обвинение за детска порнографија, според судските записи.

Оран Александар Рут е обвинет за две точки за детска порнографија.

Според тужбата, агентите на ФБИ извршиле претрес во домот и уредите на Оран Рут на 21 септември, неколку дена откако неговиот татко бил уапсен „во врска со истрага која не е поврзана со експлоатација на деца“.

Извор запознаен со истрагата изјавил за Си-Ен-Ен дека претресот бил спроведен како дел од истрагата против Рајан Весли Рут.

Според судските документи, иследниците пронашле „стотици датотеки со детска порнографија“ на мемориската картичка на еден од уредите на Оран. Агентите откриле и разговори на уреди за кои тврделе дека припаѓаат на Оран Рут, во кои поединецот рекламирал продажба на детска порнографија на Интернет.

Обвиненијата против Оран Рут се поднесени во Северна Каролина, каде што истражителите велат дека живее.

Моторџија од Германија добил казна од 17.000 евра- имал „план“ како да не го фатат

Мотоциклист 15 пати ги активирал камерите на радарот за брзо возење.

Сепак, тој мислел дека сообраќајните камери не можат да го идентификуваат бидејќи моторциклот немал предна регистарска табличка.

Сепак, погрешил во пресметката и заработил еден куп казнени поени, заедно со казна од 17.000 евра, пренесува германската новинска агенција (dpa). Тие камери ги снимаат прекршителите од напред, а возачот мислел дека полицијата нема да му влезе во трага.

Меѓутоа, полицијата била уморна да го следи истиот човек секој ден бидејќи тој несовесно ги кршел правилата.

Како го откриле?

На видео снимката јасно се гледа за кој модел на мотор се работи, а забележлива е и една модификација. Полицијата распишала потерница и дошла до моторот, а потоа и кај возачот.

- Камерата го активираше блицот неколку пати, двапати дневно - соопшти градската управа. Меѓу прекршоците е возењето со брзина од 131 километар на час во зона каде границата е 50.

За прекршоци од средината на јуни до крајот на јули, судот му досудил 22 казнени поени. Од 15 постапки, 11 конечно се решени и човекот ќе треба да плати 17.000 евра, а казната на крајот најверојатно ќе биде уште поголема.

Во Германија возачката дозвола привремено важи со осум казнени бода. На пример, користењето телефон или умереното надминување на ограничувањето на брзината носи по три поени.

Несовесниот мотоциклист ќе остане без возачка дозвола најмалку 31 месец, пренесува Феникс.

притисни ентер