Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици во Виница, спортска сала ...

Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици во Виница, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води, канализациони и водоводни мрежи и многу други проекти во Виница, гласајте за број 2 за ВМРО-ДПМНЕ

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниои митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања.

Ковачи, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија,

Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.

Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети.

Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови.

Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки.

Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот.

Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава.

Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на:

Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино - Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево - село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат.

На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.

Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.

На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Дончиќ откри зошто се судрил со навивач: Возрасен човек не може тоа да го прави (ВИДЕО)

Веќе пишувавме за тоа дека Лука Дончиќ влезе во конфликт со навивач на домашната екипа на вториот полуфинален натпревар од Западната конференција меѓу Оклахома и Далас, а недолго потоа дојде објаснување зошто го направил тоа.

Се разбира, од самиот Дончиќ, кој ги загуби нервите на крајот од мечот, пред тајм-аут и размени неколку зборови со навивач кој седеше во првите редови.

Еден од судиите Скот Фостер застана меѓу двајцата за да не ескалира конфликтот, а Словенецот на прес-конференцијата рече:

- Еден човек покрај теренот ми го спомна моето семејство, не ми се допаѓа тој човек. Возрасен човек не може да го прави тоа. Не направив ништо, само сакав да му вратам. Лудо е што возрасен човек удира по моето семејство.

Недолго по враќањето на паркетот, цела сала навредливо скандираше кон Дончиќ и извикуваше „Лука смрди“, но тоа не го спречи да го одведе тимот до победа.

Инаку, Словенецот го заврши мечот со 29 поени, 10 скока и седум асистенции, а Далас победи со 119:110 и сега е 1:1 во серијата која се сели во Тексас.

Се расипа првиот Неуралинк инплант во човечки мозок- компанијата на Маск сака да го отстрани

Имплантот на Neuralink, кој требаше да овозможи контрола на компјутерите користејќи мисли, доживеа технички проблеми, откри тимот на Илон Маск.

По операцијата, извршена на крајот на јануари, од мозокот на пациентот се извлечени неколку нишки одговорни за снимање на мозочната активност.

Ноланд Арбо, 29-годишен квадриплегичар, беше првиот човек кој го доби овој иновативен имплант. Откако конецот беше повлечен, бројот на ефективни електроди беше намален, што влијаеше на способноста на Арб да го контролира курсорот на екранот.

Neuralink реагираше брзо, приспособувајќи го алгоритмот за снимање и подобрувајќи ги техниките за преведување на нервните сигнали во движења на курсорот. Овие промени доведоа до значителни подобрувања во брзината и прецизноста на контролата на курсорот, надминувајќи ги првичните перформанси на Arb.

Иако проблемот не ја загрозуваше безбедноста на Арбо, се појавија извештаи дека Neuralink размислува да го отстрани имплантот. Компанијата, исто така, ја извести американската Администрација за храна и лекови (ФДА) дека верува дека има решение за овој технички предизвик.

Поминаа повеќе од 100 дена од имплантацијата, а Neuralink истакнува дека Арбо може да игра онлајн видео игри, да пребарува на Интернет, да учествува во преноси во живо и да користи други апликации, сето тоа со контролирање на курсорот само со своите мисли.

Непоразениот Баер Леверкузен го собори европскиот рекорд стар 59 години

Фудбалерите на Баер Леверкузен под водство на тренерот Чаби Алонсо го соборија европскиот рекорд стар 59 години, останувајќи непоразени на 49 натпревари во сите конкуренции.

Од воведувањето на европските натпреварувања ниту една екипа нема направено ваква серија, пишува агенцијата ДПА.

Баер Леверкузен изминатата вечер ремизираше со Рома (2-2) во реваншот од полуфиналето на Лига Европа, а Германците израмнија со гол длабоко во судиското продолжение.

Баер претходно го делеше рекордот со Бенфика, која остана непоразена на 48 официјални натпревари од декември 1963 до февруари 1965 година.

На Баер до крајот на сезоната му претстојат уште четири натпревари за продолжување на рекордот, бидејќи ги очекува завршницата на германскиот Куп и Лига Европа, како и финишот во Бундеслигата, каде досега сезонава има 26 победи и шест нерешени.

Токму бундеслигашкиот рекорд е најтешко остварлив за Баер. Рекордот е во сопственост на Баерн Минхен, кој во периодот од 2012 до 2014 година, под водство на тренерите Пеп Гвардиола и Јуп Хејнкес, остана без пораз на 53 натпревари.

притисни ентер