Ковачевски најавува избори во мај – власта и опозцијата блиску до договор за споени избори!?

Дали власта и опозицијата се поблиску до договор за споени претседателски и парламентарни избори на еден трошок, напролет? 

Иако се уште нема официјална потврда дека има приближување на партиските ставови за датумите за избори, премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат го спомена мај како месец во кој е можно да се организираат избори, потенцирајќи дека тие ќе бидат во редовен термин.

Во моментов, според премиерот Ковачевски, течат разговори за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Очекува многу скоро да се најдат и на владина седница и на седница во Парламентот.

-Во однос на изборите, 2024-та е изборна година и сметам дека постои доволно простор во месец мај да може да се организираат избори во нивниот редовен термин. Во однос на финалните ставови на политичките партии ќе ве информираме тогаш кога ќе се постигне еден поширок консензус во рамките на Парламентот, изјави Ковачевски во Прилеп.

Дека власта и опозицијата веројатно уште неделава ќе постигнат договор за споени избори, викендов најави и претседателот Стево Пендаровски... Претходно, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, како и собранискиот спикер Џафери го посочија 8 мај како можен термин во кој би се одржале вториот круг од претседателските како и единствениот круг на парламентарните избори, со оглед дека првиот можен – 5 мај е Велигден..

Дека партиите се на чекор до овој договор индиректно потврди и Артан Груби, со најавата дека техничката влада би се формирала кон крајот на јануари или почетокот на февруари... Неа, според коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ, ќе ја предводи Албенец-премиер, а за модалитетите се уште се разговара, вели премиерот Ковачевски.

-Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите, изјави Ковачевски.

Премиерот е оптимист дека Алијанса за Албанците има капацитет да биде дел од нивната европска коалиција и покрај најавите од Таравари дека можно е да ја напуштат Владата. Смета дека со Алијанса може да делат заеднички вредности и визија за модерно општество и модерна просперитетна држава, но ќе остави, како што рече, партиските тела да ги носат финалните одлуки.

Барселона за првпат по заминувањето на Меси ќе игра во плејофот од Лигата на шампионите

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето.

Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1).

После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа.

Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен.

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, 3 од Македонија

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

- Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер