Изјавата на премиерот Мицкоски доаѓа по рекациите во јавноста дека производи, како што се шеќерот, кафето, дел од млечните производи, маслото, путерот, јајцата, кои не се дел од новогодишната кошничка драстично поскапеле во изминатиов период. Мицкоски дециден – трикови нема да дозволиме, а на големите трговски ланци им порача да си го преиспитаат однесувањето. Очекува пазарните инспектори предпразнично да спроведат детална анализа со која ќе се утврди по кој основ биле покачени овие цени.
„Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, млекото, шеќер, сол, јајца, брашно.... Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат. “-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.
Новогодишната кошничка и денеска ги скара политичките партии. Од опозициската СДСМ велат налдежните потрфлиле во економијата и животниот стандард. Цените на основните производи секојдневно растат, животот станува се поскап, бараат владејчакото мнозинство да го прифати нивниот предлог за раст на минималецот и укинување на ДДВто на храна. За што од ВМРО ДПМНЕ возвратија дека СДСМ нема право да зборува за цени на производи затоа што, како што се вели во соопштенеито на паријата тие биле креатори на двоцифрената инфлација, која го изела стандардот на граѓаните.
„Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Граѓаните немаат никаква корист од мерките на власта. Кошничките се измама и манипулација. Власта им дозволи на трговците да се богатат на грбот на народот.“ -изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Вчера заменик министерот за економија Марјан Ристески рече дека очекува кошничката кој важи еден месец, односно се до 15 јануари, да даде вистински резулатат, а за производите како шеќерот, маслото, путерот, кои се берзнаски производи не се дел од кошничката и тука не можат да влијаат. Реакција имаше и од синдикатите, од каде посочија дека трговците повторно го искоритиле перидот пред стапување на сила на последната акција, која сами ја предложија, и ги зголемиле цените.
Според нивните пресметки на едно четиричелно семејство за да ги покрие основните трошоци за живот месечно му се потребни безмалку 3 минимални плати. Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање рече ќе растат платите на сите вработени, но не и на фукционерите.