Костадиновска Стојчевска: Вкупната буџетска ставка за фолклорната дејност изнесува 46.8 мил.ден

 Вкупната буџетска ставка за 2023 година за фолклорната дејност изнесува 46.8 милиони денари.

Вкупната буџетска ставка за 2023 година за фолклорната дејност изнесува 46.8 милиони денари, од кои само за поддршка на програма и други корисници се издвоени над 41.5 милиони денари. Ова го истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска ја посетија општината Ѓорче Петров.

- Работната посета во општина Ѓорче Петров ја започнавме од Центарот за култура каде остваривме средба со претставниците од едукативно фолкорно здружение „Седум осмини“ и Културно уметничкото друштво „Глигор Прличев“, кои се вистински пример како се чуваат културните вредности, традиција и народните обичаи, со пренесување на своето знаење на најмладите генерации, информираше министерката.

Таа нагласи дека Министерството за култура секоја година ја зголемува поддршката за проекти од областа на фолклорот, проекти кои се национален и државен интерес. Министерката додаде дека износот за финансирање и поддршка на фолклорот во континуитет продолжува да биде значаен дел од поддршката на културата во целост и прават напори за негово зголемување.

Костадиновска Стојчевска рече дека одобрените средства за проекти на конкурс за општини и локални установи, здруженија, културно уметнички друштва, ансамбли и физички лица изнесуваат 24.2 милиони денари, средства чии корисници се и едукативно фолкорно здружение „Седум осмини“ и Културно уметничкото друштво „Глигор Прличев“.

- Инвестираме во културата и се грижиме за традицијата. Вложуваме во едукативно информирање на младите поколенија од областа на фолклорот и запознавање со богатото народно творештво кое го носиме. Тоа е најдобриот начин да продолжат да ги чуваат македонската традиција, корените, јазикот, културата.

Остануваме заедно преку поддршка на проекти да ги поттикнуваме најмладите да станат дел култутрно-уметнички друштва и ансамли и кои ќе продолжат да ја негуваат македонската традиција дома, но и да ја афирмираат надвор од државата преку игри, песни и носии, подвлече министерката.

Таа истакна дека воспоставувањето на ваквата силна врска со сопствената традиција, создава здрава основа за зачувување на македонскиот идентитет.

- Затоа Министерството за култура продолжува и во иднина да помага за зачувување на културата и традицијата и посветено да работи за младите, да продолжат да ја пренесуваат културната традиција на следните генерации и да ја зачуваме атрактивноста и интересот за фолклорот, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска: Процесот на кој се заснова титулата Европска престолнина на културата не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала

Процесот на кој се заснова титулата Европска престолнина на културата, не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Како што изјави денеска Костадиновска-Стојчевска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров, откако Скопје ја доби титулата, на властите им било кажано дека за шест месеци ќе дојде првата контрола од Европска комисија за да види што е сработено. Од тоа, потоа, ќе зависи дали градот ќе ја оправда титулата или не.

Според министерката, Универзална сала се уште е во надлежност на Град Скопје. Одлуката со која до завршување на реконструкцијата Универзална сала треба да се пренесе во надлежност на Министерството за култура, се уште не е формално потпишана од градоначалничката Данела Арсовска, иако се прават максимални напори за забрзување на постапката.

-Европска престолнина на културата е титула која културната сцена и културните работници во Северна Македонија и тоа како ја заслужија. Точно е дека носител е Универзална сала како национална установа, но процесот на кој се заснова Европска престолнина на културата, односно целиот тој проект не е поврзан со реализацијата, односно реконструкцијата на Универзална сала. Напротив, тој е поврзан со тоа како ќе работи сега тоа административно тело кое треба да се формира, односно треба носителот на проектот што е определен од Град Скопје да ги почне административните доекипирања на креативниот тим што треба да ја спроведе оваа апликација до крај, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Во контекст на тоа, посочи Костадиновска-Стојчевска, потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Министерство за култура и Град Скопје каде што, како што појасни, Министерство за култура ги понудило сите ресурси односно просторни и финансиски, настрана од гаранцијата дадена како поддржувачи во Европска престолнина на култура за 2028 година.

-Понудивме креативниот тим да работи во простор што ние ќе го обезбедиме во една наша национална установа, обезбедивме средства за да го помогнеме финансиски тимот, бидејќи сметам дека тука треба да седнат на маса сите заедно и тимот што беше заедно со мене и со градоначалничката во Брисел, тимот што помогна во 2018 година да се поднесе апликацијата, треба да има минимум два надворешни експерта кои треба да се изберат на јавен оглас. Сето тоа е главна задача на носителот на проектот, односно Град Скопје и градската администрација, објасни министерката.

Одлуката, нагласи министерката, се уште не е формално потпишана од градоначалничката Арсовска, што значи дека Универзална сала е се уште во надлежност на Град Скопје, иако е изгласан во Советот на Град Скопје пред околу 2,5 месеци.

-Токму затоа што веќе поминаа 2,5 месеца, ние интензивно, неколку пати, со ургенции се упатувавме до Советот на Град Скопје, до претседателот на Советот на Град Скопје и до градската администрација и до самата градоначалничка, да ја забрзаат целата постапка, бидејќи понатаму следат уште неколку чекори што треба да ги направиме за да може правото на реконструкција да биде пренесено на Министерството за култура. Тоа не е се уште направено и покрај тоа што пред две недели на техничко ниво се одржа состанок на претставници од Министерство за култура и од Град Скопје каде што беше понуден вид договор што не е соодветен со Одлуката што ја донесе Советот на Град Скопје. Затоа, ние повторно нивниот договор го корегиравме во насока на почитување на Одлуката што ја донесоа советниците за да може да се пренесе правото за реконструкција на Министерство за култура до завршување на таа реконструкција и потоа повторно да биде вратена на Град Скопје, но се уште немаме никаков одговор и покрај тоа што редовно целата документација беше испратена и до Град Скопје, и до советниците и до претседателот, рече Костадиновска-Стојчевска.

Како што потенцира, Министерството редовно се обраќа до сите во Градот.

-Ова е процес во кој мораме сите заедно да учествуваме. Универзалната сала и нејзиното нефункционирање навистина многу долго време се чувствува по националните установи и во развојот на културната сцена, напомена министерката.

Вчера и премиерот Димитар Коваќевски рече дека Владата се обидува да ја направи Универзална сала, но засега нема слух од Градот Скопје.

Претставник на Стејт департмент: Путин нема да склучи мир во Украина

Путин нема да склучи мир во Украина пред да ги дознае резултатите од претседателските избори во САД.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да склучи мир во Украина додека не ги знае резултатите од американските избори во ноември 2024 година, изјави синоќа висок функционер на американскиот Стејт департмент. Трамп, кој бара реизбор во 2024 година и е фаворит за републиканската претседателска номинација, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев.

Висок функционер на Стејт департментот, кој ги брифираше новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, рече дека Алијансата ја потврдува својата поддршка за Украина, знаејќи дека мировен договор следната година е малку веројатен.

„Моите очекувања се дека Путин нема да склучи мир, или барем суштински мир, пред да го види исходот од нашите избори“, рече функционерот, кој побара да не биде именуван.

„Ова беше контекстот во кој сите сојузници изразија силна поддршка за Украина“ на состанокот на НАТО, додаде изворот, без да го спомене Трамп по име или да каже конкретно како изборниот резултат ќе влијае на поддршката за Украина.

Американскиот претседател, демократот Џо Бајден, обезбеди огромна воена помош и други форми на поддршка за Киев по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, но дополнителното финансирање за Украина беше одложено од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.

Борел: Потребен е напредок на учесниците во дијалогот за состојбите во Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, објави дека шефовите на дипломатиите на членките на НАТО на синоќешната средба во Брисел имале важна размена на мислења за состојбите во Западен Балкан.

-Ги информирав шефовите на дипломатиите за актуелната ситуација во однос на дијалогот што се води под покровителство на ЕУ. Потребен е напредок на учесниците во дијалогот, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.

Тој укажа на важноста БиХ да го искористи моментот за одлучувачки напредок на патот кон членството во ЕУ.

Пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, чија агенда го вклучува Западен Балкан, Борел рече дека мисијата ЕУЛЕКС на Косово ќе продолжи да соработува со КФОР за обезбедување стабилност и безбедност на северот на Косово, соопшти Европската служба за надворешна политика.

Борел додаде дека стабилноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан и нивното усогласување со надворешната политика на Унијата се од витално значење за ЕУ.

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло.

Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување.

- Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси за гол. Во фудбалот може да се биде подобар, но не и да се победи. Така се случи вечерва. Во Дортмунд треба да победиме бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата. Мојата работа е да постигнувам голови и да им помагам на моите момци. Сепак, можев повеќе да му помогнам на мојот тим бидејќи имав многу шанси. Во Лигата на шампионите треба да постигнете гол кога имате можност. Имавме 9-10 шанси, но не ги реализиравме, з ана крај да се спасиме со пенал, изјави Мбапе за „TNT Sports“.

На едно коло пред крајот во Ф-групата, Борусија Дортмунд е лидер со 10 бода, ПСЖ има седум, Њукасл и Милан собраа по пет бода.

притисни ентер