Кортни Сантијаго (32) тврди дека умрела и била во Рајот 40 секунди

„40 секунди бев мртва и бев во рајот“: Една девојка која имала срцев застој го раскажа своето несекојдневно искуство, еве што видела 

Една девојка за време на рутински преглед и снимање со магнетна резонанца доживеала искуство што ќе го памти цел живот.

Кортни Сантијаго (32) тврди дека умрела и била во Рајот 40 секунди, а во својата објава на Tикток детално го опишала ова необично искуство. Таа имала срцев застој откако била подложена на магнетна резонанца во јули 2022 година за да ја провери состојбата на нејзиното тело бидејќи има предиспозиции за рак на дојка.

@c_aileen26 NDE Part 2 #fyp #fypシ #nde #neardeathexperences #spirituality #spiritualtiktok ♬ original sound - Courtney Santiago

Сè се случило во моментот кога поради претрпен стрес доживеала вазовагална синкопа. Тоа е губење на свеста поради привремен прекин на дотокот на крв во мозокот, што предизвикува ненадеен срцев застој, при што пулсот нагло опаѓа, како и вредностите на крвниот притисок.

Ништо не беше важно

Како што раскажува Корни, почувствувала како се лизга во светот на соништата и одеднаш се нашла на плажа пред маж кого никогаш не го запознала, но чувствувала како отсекогаш да го познава.

- Бев мртва само 40 секунди, но чувствував како тоа да беше цел живот. Не бев загрижена дали ќе го напуштам моето тело, мојот живот, мојот син или моето семејство. Ништо од тоа не беше важно. Не постоеше концепт за време, само чувство на целосен мир - го опишува Кортни своето искуство.

Како што вели, човекот што го запознала ѝ рекол да не се грижи, дека сè ќе биде во ред и дека нејзиното време сè уште не е дојдено.

- Одеднаш, од плажата се најдов на планина. Тоа беше куќата од моето детство, градината во која играв како дете и каде што најмногу чувствував поврзаност со Бога - додава таа.

Кога се разбудила, Кортни не можела да се движи бидејќи телото ѝ било целосно вкочането, не можела да зборува, само немо зјапала сфаќајќи дека се вратила во живот.

На ова нејзино искуство му претходеле два тешки емоционални пада, тешко раскинување и смрт на близок пријател.

- Од почетокот на прегледот имав лошо чувство, точно знаев дека нешто ќе се случи, иако тоа беше рутински преглед. 100 % сум сигурна дека тоа што го доживеав не беше само обична несвестица, туку дека се најдов во Рајот – изјавила Кортни.

Втора димензија

Следеа бројни коментари од нејзините придружници.

- Пред да умре татко ми ми кажа дека ме „видел“ во различни периоди од мојот живот. Тој никогаш не се дрогирал и верувам дека тогаш имал просветление непосредно пред смртта -

- Мила, ти верувам целосно. Имав слично искуство минатата година кога поминав четири дена во кома поради срцев удар. Се чувствував како да сум во друга димензија, тоа беше неверојатно искуство -

- Неодамна изгубив некој многу близок. Ова ми даде мир и сила да продолжам понатаму. Благодарам – беа само дел од коментарите на нејзината објава.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер