Конта го освои трофејот на турнирот во Мајами

Британката Џоана Конта триумфираше на женскиот дел од Мастерсот во Мајами, откако синоќа по два сета игра за 95 минути ја совлада Каролине Вознијачки од Данска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).

Ова за британската тенисерка е нејзин најголем резултат во кариерата.

За турнирската победа таа ќе добие 940.000 долари и од понеделник на ВТА листата ќе биде на седмото место.

Во машкото финале на Мастерсот вечерва ќе играат Рожер Федерер и Рафаел Надал и ова ќе биде нивни 37. меѓусебен дуел. /МИА

Се породи снаат на Цеца- Вељко Ражњатовиќ доби трет син, ќе се вика Исаија

Богдана Ражнатовиќ се породи утрово на 14 мај во приватна клиника во Белград.

Богдана Ражнатовиќ, снаата на Цецa Ражнатовиќ, се породи денеска на 14 мај и на свет донесе здраво машко дете, на кое мама и тато му го дадоа името Исаија.

Бебето е тешко 3.850 грама, а породувањето се случило во приватна болница во Белград.

Името што му го дале, Исаија, значи „Божја помош“.

За потсетување, парот веќе го има постариот син Жељко, кој го носи името на таткото на Вељко, Жељко Ражнатовиќ Аркан и помладиот, или сега среден син, Крстан, објави Телеграф.

Масовна тепачка во Парламентот на Грузија пред донесување контроверзен закон (ВИДЕО)

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“.

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ѝ ја „продава“ Грузија на Русија.

Седницата продолжила и по тепачката, пренесува Интерфакс.

Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници на странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше откажан поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација што работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

Билборд висок 70 метри се урна во индија, загинаа 14 лица (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи..

Видео снимката покажува дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар..

Најмалку 75 луѓе се повредени, од кои половина биле пренесени во болница..

Властите велат дека билбордот висок 70 метри и широк 50 метри, бил неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола..

Градот претходно бил зафатен од силно невреме..

притисни ентер