Коментаторите шокирани од бруталниот нокаут на ММА борач (ВИДЕО)

На вчерашниот настан FAME 17 во Краков е забележан еден од најдобрите ММА нокаути во историјата на борбите во слободен стил.

Сопственик на овој спектакуларен потег е полскиот борец Алан Квиечински, кој со атрактивен потег брутално го заспа својот послаб сонародник Максимилијан Виевиорка.

Овој нокаут ги крена на нозе апсолутно сите во салата, а шокирани беа и коментаторите кои извикуваа: "Нокаут од соништата. Ова ќе биде насекаде низ социјалните мрежи. Оваа борба ќе остане во историјата".

„Тој ја сакаше оваа борба. Еве му“, изјави Квиечински, кој беше голем аутсајдер пред мечот.

Полскиот борец имаше серија од четири порази и се очекувало да му олесни на Виевиорка, но на крајот тој заспа побрзо од било кога. Сепак, тој останува сопственик на појасот FAME во полусредна категорија бидејќи ова не беше борба за титула.

Учество на Муцунски на состанок на МНР на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, министрите дискутираа за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички беше оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и беше искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба. Нагласи дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите.

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер). /МИА

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Повеќе од 30 затвореници по грешка се ослободени од затвор во Велика Британија како дел од владиниот план за растеретување на затворите.

Извор од Министерството за правда изјави дека на 10 септември по грешка биле пуштени 37 лица, бидејќи нивните прекршоци биле погрешно евидентирани, јави Скај њуз.

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Околу 1.700 затвореници беа ослободени од затворите низ Англија и Велс на 10 септември во обид да се олесни пренатрупаноста на затворите, а речиси исто толку ќе бидат ослободени во октомври. /МИА

притисни ентер