Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин во операција против трговија со дрога

Полицијата во Колумбија во соработка со 62 земји заплени рекордни 225 тони кокаин во рамките на операцијата „Орион“, што претставува најголема заплена на кокаин во една операција на глобално ниво.

Во текот на шест недели запленети се вкупно 1.400 тони наркотици, од кои 1.000 тони марихуана, пишува „Гардијан“.

Заплената на кокаин значително ги погодува картелите во Латинска Америка, имајќи предвид дека годишното производство на кокаин изнесува околу 2.700 тони.

Со заплената е спречен приход од 8,5 милијарди долари кои би биле наменети за криминални организации. Операцијата вклучуваше и откривање на нови патишта за шверц на дрога, вклучително и полуподморница која беше на пат кон Австралија.

Овој начин на транспорт, кој е тешко да се открие, се користи за транспорт на големи количини кокаин. Уапсени се повеќе од 400 лица, а операцијата го покажа успехот на меѓународната соработка во борбата против трговијата со дрога.

ДОМ: Здравјето на граѓаните во заложништво на политички игри

Додека  надлежните се препукуваат и се саботираат околу набавката на еколошки автобуси колапс доживува единствено здравјето на граѓаните од загадениот амбиентален воздух.

ДОМ ги повикува советниците на град Скопје да се одважат и гласаат за набавка на нови еколошки автобуси само и само во интерес на здравјето на граѓаните на Скопје.

Демократска обнова на Македонија

Анкета: Ако сега се одржат избори 16 % од избирачите би гласале за Зеленски, а 27 % за Залужни

Само 16 отсто од избирачите би го поддржале украинскиот лидер Володимир Зеленски доколку изборите се одржат во овој момент, покажа анкета што ја споведе Социолошка асоцијација на Украина, објави украинскиот портал Зеркало Недели.

Според резултатите, поранешниот висок украински генерал Валериј Залужни е многу попопуларен од Зеленски, а 27 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за него. Залужни, кој во февруари беше разрешен од должноста шеф на вооружените сили, стана амбасадор во Киев во Лондон.

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој загуби од Зеленски на изборите во 2019 година, би добил 7 отсто доколку гласањето би се одржало сега, а следен е шефот на военото разузнавање Кирил Буданов со 6 отсто.

Петнаесет отсто од испитаниците се изјасниле дека не знаат за кого би гласале, додека 10 отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Зеленски е на власт во Украина и покрај тоа што неговиот мандат официјално истече во мај. Тој претходно се откажа од претседателските избори, повикувајќи се на вонредната состојба што ја воведе за време на конфликтот со Русија.

Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 мил. евра месечно

Операцијата беше координирана од Европол и Еуроџаст, со учество на над 270 полицајци. Во Италија беа извршени 89 претреси, а дополнителни 14 во други земји, вклучувајќи Англија, Шведска и Хрватска, каде беа уапсени 11 лица.

Алијансата за борба против аудиовизуелното пиратство (AAPA) соработуваше со обвинителствата во Катанија и Хрватска, како и со полицијата во Италија, Швајцарија, Шведска и други земји, за да ја разбие најголемата криминална мрежа за пиратски содржини со над 22 милиони корисници и месечен приход од 250 милиони евра.

Операцијата беше координирана од Европол и Еуроџаст, со учество на над 270 полицајци. Во Италија беа извршени 89 претреси, а дополнителни 14 во други земји, вклучувајќи Англија, Шведска и Хрватска, каде беа уапсени 11 лица.

Запленети се 1,65 милиони евра во криптовалути и 40.000 евра во готовина. Според AAPA, годишниот приход на мрежата се проценува на околу три милијарди евра.

„Овој успех ја покажува нашата посветеност во борбата против пиратеријата,“ изјави Марк Малреди, копретседател на AAPA.

Операцијата беше поддржана од членки на AAPA како Premier League, Sky Group, beIN Sports, United Media и други.

притисни ентер