Колку произведувачите заработуваат од секој продаден автомобил?

Аналитичарите од  „B&D“ објавија колку заработуваат автомобилските компании од секој продаден автомобил.

Овие бројки се однесуваат на германскиот пазар каде цената на автомобилите е за нијанса повисока од останатиот дел на Европа.

Според оваа анализа, убедливо најмногу заработува Порше , оваа компанија добива по 22 674 евра од секој продаден автомобил.

Најдобри од германското луксузно трио се од компанијата БМВ, тие заработуваат скоро десет пати помалку од Порше, поточно – 2 574 евра по продаден автомобил. Ауди има заработка од 1 643 а Мерцедес само 736 евра по продаден автомобил.

Добро стојат и Тојота со 1 751 евро заработка, Крајслер со 1 579 евра и Киа со 1 183 евра по продаден автомобил. Шкода може да се пофали со 758 евра, Форд со 967 евра а Пежо со 510 евра заработка.

Најмалку од еден продаден автомобил заработуваат Фолксваген- 334 евра, Хонда- 319 евра и Рено со само 241 евро од продаден автомобил.

За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

Марио Гомез за изгледот на Озил: Не знам која му е целта

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (35) се повлече од играњето на почетокот на 2023 година и оттогаш работи на трансформирање на своето тело.

Озил низ кариерата беше слаб, лесен напаѓачки играч за врска, но во последно време тренира со тегови во теретана. Резултатите се видливи, а снимките и фотографиите ги објавува на Инстаграм.

Озил ја помина својата кариера играјќи на врвно ниво. Започна во Германија, играше за Шалке и Вердер, а потоа се пресели во Реал Мадрид и Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција. Освои десет клупски трофеи, а со германската репрезентација беше светски првак во 2014 година.

Сонародникот на Озил и пензиониран напаѓач на Баерн, Марио Гомез (38) зборуваше за физичката промена на Озил во подкастот на Билд: „Се восхитувам како се справува со тоа. Но, јас сум поддржувач на средината бидејќи доживеав осцилации во двете насоки и знам дека екстремите не водат кон ништо добро не знам која му е целта.

Не е за мене, но не е тоа поентата. Кога ќе ја завршите кариера во која сте фалени и охрабрувани со години, природно е да го барате она што ве исполнува. Месут изгледа го нашол во теретана. Играше со Роналдо и можеби помислил: „Сега имам време да станам мал Кристијано“.

Гомез зборуваше и за Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој освои сѐ што можеше и кој е познат по својата неверојатна индивидуална работа, поради што и на 39 години се уште игра за Саудиска Ал Наср.

„Можете да мислите што сакате за Роналдо, но кога зборуваме за инфлуенсери, тој имаше позитивно влијание на цела генерација. Секој ден покажува колку труд треба да се вложите за да имате такво тело, а младите играчи го следат Веќе не пијат алкохол, во слободно време се во теретана, имаат приватен физиотерапевт и сите пијат филтрирана вода.

Посветеноста и професионалноста се многу повисоки денес и тоа има многу врска со Кристијано. Дури и Лионел Меси е на пат да стане Роналдо. Одеднаш и тој виси во теретана затоа што знае дека треба да удри гас. Тоа е моќта што социјалните мрежи можат да ја имаат“, рече Гомез.

Гомез во текот на својата професионална кариера играше за Штутгарт, Баерн, Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург. Шест пати беше најдобар стрелец во различни натпреварувања, освои осум клупски трофеи и ја заврши својата играчка кариера во 2020 година. Денес работи како технички директор на РБ Лајпциг.

Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

притисни ентер