Класични Ланд Ровери изгледаат старо, а сепак се многу скапи електрични модели (ВИДЕО)

Млада британска компанија им вдахна нов живот на британските класици, кои сега станаа привлечни за еколошките возачи.

Everrati е компанија основана во 2019 година и е позната по преработката на старите Land Rover. Ова не е класично средување, туку реставрација, чиј централен дел е инсталација на електричен погон. Ова е првпат Range Rover и Defender да добијат еколошка ознака.

Во понудата сега се и Land Rover Defender, без разлика на годината на производство, и Range Rover Classic, своевиден пионер на премиум SUV сегментот, кој се произведуваше до 1996 година, дури и по претставувањето на втората генерација. По темелна реставрација, сите автомобили добиваат нов погон, составен од електричен мотор, менувач и батерија.

Перформансите не се познати, но од компанијата велат дека „модификацијата на погонот ќе ги надмине перформансите на оригиналот“. Првиот Range Rover од 1970 година беше придвижуван од 3,5 V8 мотор со 95 KW или 129 КС, додека најмоќната верзија имаше 4,2 V8 со 200 КС.

Преработката на Everratti на серијата IIA нуди моќно возење од околу 150 КС (и 300 Nm), што е доволно за забрзување до 100 km/h за помалку од 13 секунди. Досегот со батерија од 60 kWh е околу 240 km. Значително подобар од оригиналот, но малкумина ќе веруваат дека чинат дури и 159.9510 фунти.

Најдоброто нешто е што станува збор за реверзибилна модификација, така што сопственикот секогаш може да се врати на стариот и да го инсталира оригиналниот мотор со фосилни горива под хаубата. Во спротивно, Еверати ќе вгради благородни материјали, но повторно оние кои може да се наречат еколошки.

Без сомнение, овие класици добија нов живот и нивните пензии се обезбедени. За жал, има и друга страна на паричката, а таа вели дека со успешна потрага по квалитетна база, клиентот мора да подготви најмалку 230.000 фунти, што е почетната цена на преработката. Звучи премногу дури и за тврдокорните обожаватели на овој познат британски бренд. Defender е малку попристапен - 185.000 фунти плус возило за донатори.

Да напоменеме и дека британскиот бренд не е единствениот на менито. Истиот тип на преработка се нуди за Porsche 911 (964), Mercedes SL Pagoda и некои други класици.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер