Кирби: Белата куќа е за продолжување на оперативната пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

 САД поддржуваат натамошно продолжување на оперативната пауза на борбите меѓу Израел и Хамас за да се обезбеди ослободување на сите заложници во заробеништво, соопшти Белата куќа.

„Сакаме да ги видиме сите заложници ослободени. Ако може да се пролонгира паузата повеќе од овие дводневни продолжувања... ние сме за тоа. И ќе продолжиме да работиме на ова цело време со сите наши партнери во регионот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

На прашањето за претстојната посета на државниот секретар Антони Блинкен на Блискиот Исток, Кирби рече дека неговата четврта посета првенствено ќе се фокусира на реафирмирање на американската поддршка за Израел и олеснување на хуманитарната помош во Газа.

Тој понатаму додаде дека Блинкен ќе се сретне со своите израелски колеги и со други претставници од регионот.

ДУИ: Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени кон нашите пратеници

Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени кон пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз демократските вредности и институции на нашата држава. 

Овие инциденти го покажуваат високото ниво на нетолеранција и омраза што се шири низ нашето општество, и тоа мора да биде осудено од сите.

Сведоци сме на организирана и смислена кампања за клевети и закани против ДУИ, чија цел е да ги прикрие големите неуспеси и грешки на новата влада во првите месеци од нивниот мандат. Со измислени обвинувања и насилни акции, тие се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од реалните проблеми и катастрофалните резултати на владејачките политики.

ДУИ стои цврсто зад своите принципи и нема да дозволи овие закани да ја поколебаат нашата посветеност на правдата, мирот и стабилноста на нашата земја. Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред лицето на правдата сите кои се одговорни за оваа кампања на терор и заплашување. Демократијата мора да победи над омразата и насилството,велат од ДУИ.

Од МВР информираат дека за заканувачките пораки била известена единицата за економски и компјутерски криминал при свр скопје, како и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Италијанската премиерка Мелони во официјална посета на Кина

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.

Најавено е дека Мелони, која останува до среда, во Пекинг треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг за „главните меѓународни прашања, почнувајќи од војната во Украина“, а ќе го посети и Шангај, економската престолнина на Кина.

Минатата година Италија се повлече од меѓународниот договор со Кина „Појас и пат“, бидејќи претходно беше единствената од Групата седум напредни демократии на светот и ЕУ (Г7) што учествуваше во огромната програма на Пекинг за инвестиции во инфраструктурата во Азија и Европа.

Пред да дојде на власт, Џорџа Мелони рече дека е „сериозна грешка“ приклучувањето на програмата.

Ова е прва официјална посета на Мелони на Кина.

ЦУК: Активни два пожара, еден ставен под контрола

 Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола, соопшти ЦУК, согласно информациите до 13:30 часот. 

Активен е пожарот во Македонски Брод кај село Тажево, крак кон Белица и кон „Јасен“, каде гори борова шума, како и пожарот на планината Серта на територија на Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали и Цршка кон Криволак каде е зафатена ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот кај Демир Хисар на Илинска Планина, меѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе со кој била зафатена ниска вегетација.

притисни ентер