Кина најави санкции против американските компании кои извезуваат оружје во Тајван

 Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави санкции против американски компании кои извезуваат оружје во Тајван, објавија локалните медиуми.

Кинеското Министерство за надворешни работи не ги наведе имињата на компаниите вклучени во извозот.

Тајван чека испорака на авиони Ф-16, тенкови М1 Абрамс и неколку проектили од САД, пренесе Бета.

И покрај недостатокот на формални дипломатски врски, САД долго време беа главниот снабдувач со оружје на островот.

Кина претходно побара од американските компании да ја прекинат соработката со вооружените сили на Тајван, но без видлив ефект.

Заедно со купувањето оружје од САД, Тајван ја оживува домашната индустрија за оружје со производство на подморници.

Официјален Пекинг го смета Тајван за своја територија и се заканува дека ќе го анектира./МИА

Почна штипската „Пастрмалијада“ со сечење на џиновската пастрмајлија

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално денеска се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно денеска се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. 

По тој повод денеска во посета на Штип беше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

-Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.

На отворањето на „Пастрмалијадата“, премиерот Мицкоски рече дека е задоволен и од програмата, но и од проектите во градот и посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.

-Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски најави дека во Штип ќе се реализира и капиталниот проект обиколница, а која ќе чини околу два милиони евра.

Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации./МИА

Коалиција „Менуваме“ бара исплата на средства за лични асистенти

Коалиција „менуваме“ бара исплата на средства за лични асистенти, во спротивно најавуваат протест.

Лицата со хендикеп бараат исплата на средствата за лична компензација, со кои се финансираат асистентите на лицата со оштетен вид, а кои им следуваат согласно законот за социјална заштита.

Претседателот на коалицијата „Менуваме’ тврди дека еден месец асистентите низ земјава не ги добиле овие средства, а оние во скопје веќе втор месец. Бараат средба со министерот за социјална политика и исплаќање на средствата најдоцна до среда, во спротивно велат дека ќе излезат на протест.

Таравари -Вработувањето на братучедот на директорот на детска клиника за советник е законско

Денеска со донација за Детската клиника во Скопје нов модерен рентген апарат во вредност скоро 60 илјади евра. 

По бурата рекации дека по укинувањето на економските директори дел од новите медицински директори повторно ги враќаат како нивни советници како што е примерот со Детската клиника, министерот за здравство со пофалби до поранешниот економски директор на детската клиника Алајдин Мемеди кој сега е советник на директорот Реџеп Мемеди дека бил одличен менџер. Според министерот не е проблем да се ангажираат советници. И покрај тужбата дека тој имал повисок коефицнет на плата и требал на болничката каса да и врати 2.300 евра министерот посочи дека Алајдин го добил судскиот спор и немало проблем да биде советник на сегашниот директор.

Инаку Реџеп Мемеди и Алајдин Мемеди според информациите од клиниката се братучеди. Но сегашниот директор Мемеди не одговори во камера дали станува збор за непотизам и дали немало друг добар кадар што може да го советува. Тој кажа дека на клиниката има недостаток од кадар во администрацијата.

Според извори на Канал 5 еден советник зема хонорар од 30 илјади денари. Економските директори ги укина владата со цел да се намалат трошоците. Во целиот здравствен систем имаше вкупно 30 економски директори и се очекува да се заштедат од повеќе милион евра. А традиционално јапонската амбасда во Макеоднија со нова донација. Денеска со донација за детската клиника во Скопје нов модерен рентген апарат во вредност скоро 60 илјади евра.

притисни ентер