Кијану Ривс посетил фабрика за ауспуси во Словенија и одржал таен состанок

Кијану Ривс последните денови ги помина во Словенија, а петокот и саботата ги помина во Прелук, кај Опатија, а потоа се упати кон Љубљана.

Познатиот актер беше воодушевен од Кварнер, кој го посети во друштво на филмскиот продуцент Гард Холингер, со кого во 2011 година ја основаа американската компанија „Arch Motorcycles“.

Ривс бил во Словенија поради неговиот бизнис со мотоцикли. Имено, според словенечките медиуми, Ривс одржал тајна средба со сопственикот на компанијата Акраповиќ, еден од најпознатите светски производители на издувни системи. Покрај тоа, тој ја посети и фабриката за аусуси, а по средбата во Љубљана се упатил кон аеродромот и во неделата наутро заминал од Словенија.

Киану е нормално љубител на мотори, па не случајно го избрал Прелук. Имено, таму се одржало светското првенство во мотоциклизам, а хотелот во кој престојувал се наоѓа во близина на Опатијската кривина. Освен тоа, недалеку од Риека се наоѓа и тркачката патека Гробник, поради што постои можност актерот повторно да го посети Кварнер.

Извор: Индекс

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата:Беше крајно непочитување кон христијаните

Милијардерот Илон Маск реагираше за свеченото отворање на Олимпијадата во Париз.

- Ова беше крајно непочитување кон христијаните, напиша Маск на социјалните мрежи.

Тој одговори на твитот со снимка од церемонијата на отворање и натпис: „Отфрлање на дегенерацијата“.

И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година.

- До сите христијани во светот кои ја гледаа церемонијата на отворање и беа навредени од оваа пародија на Тајната вечера. Знајте дека ова не зборува Франција, туку левичарско малцинство кое е подготвено на секаква провокација, напиша Марешал на социјалната мрежа.

Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и кореографијата.

Летните олимписки игри 2024 беа отворени синоќа во Париз.

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

Блинкен пристигна во Лаос на разговори со партнери од Југоисточна Азија

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен утринава пристигна во Лаос и ја започна новата турнеја низ Азија, при што има намера да го реафирмира лидерството на САД наспроти зголеменото влијание на Кина.

Блинкен треба да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виентиан, посветен на Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море.

Се очекува Блинкен да се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Ова е 18-та турнеја на Блинкен низ Азија откако ја презеде функцијата пред повеќе од три години, што ја одразува конкуренцијата меѓу САД и Кина.

За време на турнејата, покрај Лаос, Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипините, Сингапур и Монголија.

притисни ентер