Кид: Томпсон останува суперѕвезда, иден член на „Куќа на славните“

Тренерот на Далас маверикс, Џејсон Кид не е загрижен за слабите игри на Клеј Томпсон во претсезонските натпревари во НБА.

- Клеј останува суперѕвезда, иден член на Куќа на славните и тој ја игра кошарката на вистински начин. Работи многу напорно и сака да учествува на секој тренинг, дури и во својата 14-та сезона. Ова е нов систем за него, но тој го прифати. Неговото шутерско, лидерско и шампионско искуство се она што ни треба и тој е подготвен за нов предизвик оваа сезона. Претсезона е. Тој си го пробива патот со новиот тим и во одбрана и во напад. Треба да бидеме трпеливи и да продолжиме да работиме, изјави Кид.

Во два претсезонски натпревари, Томпсон имаше просек од 5 поени, 2 скока и 2 асистенции со шут од поле 16,7% и 27,3% за тројка. /МИА

Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана

Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија ќе се сретнат денеска  во Берлин за да разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.

Руското таргетирање на Украина со нова ракета со среден дострел, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе одигра голема улога за време на дискусиите, јави ДПА.

По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди ракетен напад врз украинскиот град Днепар кој има над милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.

DHL: Авион изврши „принудно слетување“ во Литванија, започна истрага

Авион од наш партнер што пренесувал пратки изврши „принудно слетување“ во Литванија, започна истрага.

Од DHL денеска соопштија дека товарен авион управуван од нивниот партнер Свифтер извршил „принудно слетување“ во Литванија, каде локалните власти објавија дека едно лице загинало во несреќа.

„Можеме да потврдиме дека денес, околу 4:30 часот по средноевропско време, авион на Swiftair, управуван од сервисен партнер во име на DHL, изврши принудно слетување на околу еден километар од аеродромот VNO (Вилнус, Литванија) додека беше на пат од аеродромот LEJ (Лајпциг, Германија) до аеродромот VNO“, се вели во соопштението.

„Во авионот имаше вкупно четири лица. Статусот на екипажот се уште се разјаснува, но нашите мисли се со нив и нивните семејства. Причината за инцидентот засега е непозната, а истрагата е веќе во тек“.

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на титулата викендов на трката за Големата награда на Лас Вегас, зборуваше за неговата кариера.

- Ако луѓето се критични и велат дека можам да победам само со најдобриот болид, јас им докажувам дека грешат. Ако сега не ми дадат кредит, не знам што друго да правам. Дали би станал шампион во Мекларен? Да! И тоа многу побрзо. Во 2021 година, во друг болид, исто така би ја освоил титулата, изјави четирикратниот шампион во Формула 1.

Макс се сомнева дека кој било друг возач е способен да ја освоеше титулата во болидот на Ред Бул тековата сезона.

-Ние сме во Вегас, можете да се обложите на ова мое тврдење, истакна холандскиот пилот.

Верстапен го обезбеди трофејот на две трки пред крајот на сезоната 2024.

притисни ентер