Кашлица, еден од највознемирувачките симптоми во сезоната на настинка и грип

Сезоната на кашлица започна. 

Иако е целогодишен симптом, со настапување на променливо време и пониски температури, кашлицата е се почеста, особено кај децата! Кашлицата како симптом е една од најчестите причини за консултација на амбулантскиот доктор и една од најчестите причини за земање или препишување на некој лек.

ДЕФИНИЦИЈА И ПРИЧИНИ ЗА КАШЛИЦА

Кашлицата претставува рефлексно реагирање на организмот на надворешен причинител. Претставува физиолошки заштитен механизам на дишното стебло, кој помага во одржување на неговата проодност. Кашлицата има значајно влијание врз квалитетот на животот. Причинители за кашлица можат да бидат инфективните агенси (вируси, бактерии, габички), алергени од инхалаторно потекло, надворешни честички кои се инхалирани при несреќни случаи од неорганско потекло, пример метални струготини итн.

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИТЕЛИ

Повеќе од 200 вируси во природата може да предизвикаат респираторна инфекција и кашлица. Такви се риновирусот, коронавирусот, вирусот на инфлуенца, параинфлуенца, аденовирусот и други. Влезна врата на инфекцијата е мукозата на горните дишни патишта, носот и грлото. Потоа тие навлегуваат во клетката и почнуваат да ја користат за делба и создавање на бројни нови копии.

Дали знаете дека постојат различни типови на кашлица? И дека за различен тип на кашлица постои различен третман? Едниот тип е сува и надразнителна кашлица, а другиот е влажна и продуктивна (се создава секрет). И двете можат да бидат гласни, вознемирувачки и да го намалат квалитетот на вашиот живот.

Како да ги разликувате двата типа на кашлица?

Сува кашлица

Надразнителна кашлица без секрет, пропратена со суво и надразнето грло

Скокот/чешање

Нема што да се искашла, а имате потреба за кашлање

Продуктивна или влажна кашлица

Зголемено создавање на секрет во белите дробови кој неможе да се исфрли

Трае подолго од сувата кашлица

Со секое кашлање се чувствувате подобро

КАКО ЈА ТРЕТИРАМЕ КАШЛИЦАТА

Различните типови на кашлица треба да се третираат на различни начини поради различните симптоми на кашлицата. Антитусиците се препорачуваат за смирување на сувата и надразнителна кашлица. Тие ја препокриваат слузницата со заштитен слој при што го намалуваат рефлексот на кашлање.

Сирупите од тегавец и исландски лишај се идеални за третман на сува кашлица, бидејќи немаат централно дејство, што е особено важно за детската популација.

Екстракти од исландски лишај - содржи голема количина на слузи кои ја прекриваат, заштитуваат и навлажнуваат надразнетата и сува слузница на устата и грлото и на тој начин ја смируваат сувата кашлица. Експекторансите се препорачуваат за полесно искашлување во случај на продуктивна кашлица

Експекторанси, како што е сирупот од бршлен – се препорачуваат за полесно искашлување во случај на продуктивна кашлица. Го разводнуваат густиот секрет кој се создава во дишните патишта и на тој начин го олеснуваат искашлувањето. Пиење многу течности и навлажнување на воздухот во затворен простор во вистинска мера, исто така, помагаат во ублажување на продуктивна кашлица. Најдобар современ пристап во третман на некомплицирани, акутни инфекции на респираторен тракт е да се третираат со природни сирупи. Екстракт од листот на бршлен ја поттикнува бронхијалната секреција и на тој начин го олеснува искашлувањето. Исто така, ги шири бронхиите, што го прави погоден и за третман на мешовит тип на кашлица.

Д-р Марина Цветаноска , семеен лекар

Скопјани порано од очекуваното добија вода

Скопјани порано од очекуваното добија вода. На екипите на водовот им беа потреби само неколку часа да ги завршат предвидените поправки.

Скопјани порано од очекуваното добија вода. На екипите на водовот им беа потреби само неколку часа да ги завршат предвидените поправки, со кои долгорочно ќе се стабилизира и подобри водоснабувањето на главниот град.

Од рано утрово на терен и нашиот Дејан Трајковски, го имаме во жив

Дејан се најавуваше дека поправките ќе траат најмалку 16 часа, но сите сега се задоволни што се беше многу пократко.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Германија: Се згoлемува бројот на загинати по нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Најмалку 5 лица загинаа а најмалку 68 се повредени во грозоморен терористички напад кој се случи вчера вечер на божиќниот базар во германскиот град Магдебург.

Најмалку пет лица загинаа а околу 200 се повредени во грозоморниот терористички напад кој се случи вчера вечер на божиќниот базар во германскиот град Магдебург, кога 50 годишниот лекар Талеб А. од Саудиска Арабија, со автомобил со полна брзина удри во група луѓе. Возачот набрзо бил уапсен, а полицијата трага по можни експлозивни материјали во тој дел од градот, пренесува Билд.

Базарот бил веднаш затворен, а организаторите ги повикале посетителите да го напуштат центарот на градот.

Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф денеска заедно со канцеларот Олаф Шолц, го посетија местото на злосторството. Шолц истакна дека речиси 40 луѓе се сериозно. Шолц истакна дека е во шок и апелираше по страшниот настан „да се задржи кохезијата на земјата, да не се дозволи сеење на семето на омраза, а против сторителите да се поставува со целата сила на законот.“

Напаѓачот од Саудиска Арабија имал дозвола за престој. Во Германија бил од 2006 година и работел како лекар, специјалист по психотерапија. Според официјални лица, тој сам го извршил масакрот, а на валстите не им бил познат како терорист.

Напаѓачот бил шиит и доаѓа од источна Саудиска Арабија. Студирал психологија во својата земја пред да замине во Германија, каде дошол затоа што се откажал од исламот и оттогаш се чувствувал прогонуван.

На социјалните мрежи се шпекулира дека напаѓачот е активист и дека водел веб-страница за баратели на азил каде ги советувал своите сонародници да не бараат азил во Германија. Во минатото се презентирал како активист кој им помагал на жените да избегаат од Саудиска Арабија. Во 2019 година беа објавени неколку интервјуа и извештаи за неговите постапки во Германија и на меѓународно ниво.

Во тоа време тој изјавувал дека сака да ги информира жените од Саудиска Арабија за германскиот систем за азил. Според него, со овие информации тие требало да го најдат патот до ослободување од угнетувањето.

Видеото на кое се гледа како авмобилот ги покосува посетителите на базарот, на социјалните мрежи го сподели поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел.

Инаку, Американскиот милијардер Илон Маск, кој е назначен за советник од новоизбраниот претседател на САД, го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да поднесе оставка како одговор на смртоносниот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

„Шолц треба веднаш да поднесе оставка“, напиша Маск во синоќешната објава на мрежата Х, опишувајќи го германскиот канцелар како „неспособен“.

Мемеди: Направивме се за да го спасиме бебето

Директорот на болницата Мемеди, уверува дека на Детската клниника во секое време има по двајца специјалисти. 

Наспроти извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во кој се вели дека во моментот на прегледот на седуммесечнотото бебе, кое почина на Детска клиника, не бил присутен специјалист, директорот на болницата Мемеди, уверува дека на Детската клниника во секое време има по двајца специјалисти. Тоа не било исклучок ниту вечерта кога седум месечниот дамјан бил вратен дома. Дали станува збор за лоша проценка, Мемеди не сакаше да коментира, но нагласи дека и на специјализантите треба да им се верува бидејќи и тие се дипломирани доктори. Смета дека со вработување на дополнителен број на доктори, ќе се подобри работата на Детската клиника.

По последните случувања на детска клиника, денеска од СДСМ побараа оставка од министерот за здравство, Таравари.

Реакција на прес конференцијата на Рената Младеновска, испрати ВМРО ДПМНЕ, во кое наведуваат дека во СДСМ требало да се срамат, бидејќи здравството било во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство.

притисни ентер