Кара Делевињ има нова девојка и одлично ја знаете (фото)

Веќе со месеци се шушка дека манекенката Кара Делевињ е во врска со актерката Ешли Бенсосн, а сега се појавија и фотографија која тоа го потврдуваат.

Имено, 26 - годишниот поранешен ангел на Викторија и 28 - годишната ѕвезда а серијата „Убави мали лажливки“ ((Pretty Little Liars) фатени се како разменуваат страсни бакнежи на аеродромот Хитроу во Лондон.

За прв пат биле видени заедно уште во април во Њујорк, откако кара ја раскинала врската со ќерката на Мајкл Џексон, Парис.

Пред тоа, Кара била во врска со музичарката Ени Кларк, попозната како St. Vincent, како и актерката Мишел Родригез. Ешли била во долгогодишна врска со продуцентот Рајан Гуд.

my babies. your happiness is mine. @ashleybenson 💖

A post shared by Ashley Benson France (@bensonsourcefrance) on

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

МВР, воедно, соопштува дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром по повод верскиот празник Велигден.

-Утре во периодот од 18:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, се наведува во соопштението.

Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

-Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, наведуваат од МВР.

притисни ентер