Кампањата на Камала Харис за два дена собрала 55 милиони долари

Кампањата на демократската претседателска кандидатка, Камала Харис,за време ан два настана оддржани во текот на изминатиот викенд собрала 55 милиони долари, потврди претставник на кампањата.

На саботниот собир за донирање средства во Палатата на ликовните уметности во Сан Франциско, на кој беа прикажани говори на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и пејачката Андра Деј, актуелната американска потретседателска и демократска кандидатка собрала 27 милиони долари, изјави неименуван претставник на кампањата.

Вчера, пак, Харис собрала 28 милиони долари на настанот одржан во центарот на Лос Анџелес на кој учествуваа Аланис Морисет, како и ѕвездите на шоубизот Стерлинг К. Браун, Деми Ловато, Џесика Алба, Лили Томлин и Стиви Вондер.

На 15 октомври почнува грејната сезона,во зависност од температурите може да почне и порано

Грејната сезона може да започне и утре ако средно дневната температура остане ниска.  

Регулаторната комисија за енергетика, денеска излезе со официјлан инофмоација дека е можно да се разбудиме утре со топли радијатори доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.

Во тој случај грејната сезона може да почне бидејќи според правилата дозоволено најрано да почне снабдувањето со топлинска енергија кон граќаните од 1 октомври иако согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06 часот наутро до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.Од регулаторна со укажување до граѓените кои се корисници на парно да си ги проверат системите пред да почен да се пушта топла вода низ цевките.

- Регулаторната комисија за енергетика апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време РКЕ и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.-РКЕ.

Според последната одлука од 1 август годинава, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 %, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 %.

Јанчев: Кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, градежни активности на ул. „Ристо Џондев“

​Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев соопшти дека зимската сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови!

„[✅] Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово!

Од денес започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово, и истиот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти!

Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија која што веќе при крајот на ноември се очекува да се монтира доколку дозволуваат временските услови.

Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации.

[📌] Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина. Градоначалникот Митко Јанчев вети во предизборната програма, а од денес овој проект станува реалност.

[📌] Теренските работи се донација од општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци.

[📌] Инвестицијата за овој центар е донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО“, стои во објавата на Јанчев.

Во тек се градежни активности на ул. ,,Ристо Џондев'' кои опфаќаат реконструкција на таложници, изработка на атмосферска канализација Ф1000, во должина од 200 метри и поставување на атмосферски решетки, по што во втора фаза следува асфалтирање.

Изведувач на работите е Градба Промет.

Кавадарци за сите!, напиша Јанчев.

Ѓорчев:Експресното одбивање на Софија на посредништвото на Орбан може да се смета за нивен став

Експресното одбивање од Бугарија за посредништво од унгарскиот премиер Виктор Орбан во спорот со Македонија може да се смета како нивен траен став, а не предизборен маркетинг, смета поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. 

Според него во Бугарија постои едногласност околу македонското прашање и нема да прифатат да отстапат од тоа што веќе е договорено, а псоледен доказ за тоа е Декларацијата во тамошното Собрание.

-Мислам дека Бугарија со едногласноста и усвојувањето на најновата декларација за Македонија, сите пратеници беа за, сите политички партии, дури и целиот јавен и општествен живот го делат тоа мислење, ценам дека Бугарија сака да каже дека нема да отстапи од ниту една точка од тоа што е потпишано. За нив е нашиот Договор, fabula acta est, приказната е завршена, и со тоа што ставила Македонија потпис на договорот се исрпени сите можности. Само забораваат дека во договорот има точка член 13 став 2 во којшто една од двете договорни страни може да поднесе измени и со взаемно усогласување по дипломатски пат може да се договораат измени, дали ќе бидат прифатени или не... и потоа став 3 дека Договорот може да биде раскинат. Така што ценам дека тоа не е предизборен маркетинг, едноставно е таква бугарската позиција – цврста и единствена. -Марјан Ѓорчев.

Официјална Софија само неколку часа по понудата веднаш го отфрли предлогот од унгарскиот премиер за посредништво. Од тамошното министерство за надворешни пред два дена споделија фотографија од средба на бугарскиот министер Кондов со неговиот унгарски колега Сијарто во Њујорк на која му порачал дека не е потребно посредување за Македонија да се убеди да ги исполни критериумите за почеток на преговорите. Истиот став денеска го сподели и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со порака дека единствената европска преговарачка рамка за Македонија нема да се смени, без разлика колку Орбан ги нуди своите услуги .

-Не, нема никави сигнали за тоа колку и Орбан да ги нуди своите услуги. Ние да му предложиме да си ги среди работите со Словачка примарно, кадешто има унгарско малцинство, но се уште не се добри работите. Има наклонетост на Орбан кон властите во Македонија од Груевски до Мицкоски и половина милијарда која им ја даде, се разбира тоа се европски пари и медиумите на ДПМНЕ се во рацете на Унгарците и не се, во најмала рака, многу пријателски расположени кон Бугарија и духот на недостига добрососедство, изјави Ковачев.

Според поранешниот амбасадор Ѓорчев, пак, Орбан како претсетдавчл со ЕУ може да лобира кај европските партнери за евентуално прифаќање на предлогот од македонска страна за одложено дејство на уставните измени.

-Она што ние можеме да го имаме како поддршка од Орбан со негово на некој начин лобирање кај другите политички лидери од ЕУ е, она што не е дел од преговарачката рамка, а тоа е нашиот конкретен предлог, внесување на Бугарите во Уставот да биде со одложено дејство и мислам декА тука може Орбан најмногу да помогне, затоа што од една страна ние ги споделуваме барањата на Бугарите, а од друга страна помага да се откочи процесот да почне Македонија да преговара со ЕУ, вели Ѓорчев.

Унгарскиот премиер Орбан, при посетата на Македонија кажа дека има конкретен план како земјава до крајот на годинава, додека трае унгарското претседателство со ЕУ, да отвори еден кластер, но што предвидува тој план, не откри.

притисни ентер