Кампања за имунизација во Прилеп: Вакцинацијата е најголема заштита на здравјето

 Со делење флаери и брошури во градинките и училиштата и со едукации во Прилеп е поддржана кампањата на Министерството за здравство за вакцинацијата, која ќе се спроведува до крајот на оваа недела.

Вакцинацијата е најголемата заштита на здравјето од тешките заразни заболувања, порачуваат од службите за имунизација и епидемиолозите од Прилеп. Моменталната ситуација бележи пад на процентот, главно поради пандемијата и најмногу се чувствува кај првачињата.

Инаку, лани од 749 деца, се вакцинирале 713. Проблем настанува за втората доза кај првачињата.

- Корона пандемијата си го направи своето. Тие две-три години имаше помал опфат на вакцинација. Кај децата од прво-второ одделение има намален процент и кај девојчињата на 12 годишна возраст. Тоа е за ХПВ вакцината. Тука е најмал процентот на вакциирани. За безбедност да има на населението, треба да има 95 насто вакцинирани. Кај предшколските деца кои се во градинките, вакцинацијата е солидна и има висок процент на вакцинирани. За неделата на вакцинација, со повеќе активности ја спроведуваме кампањата. По градинките поделивме флаери, брошури, одржувавме едукации за да се поттикне свеста кај граѓаните за значењето на имунизацијата. Континуирано праќаме покани и се јавуваме телефонски. Од Министерството за здравство добивме и донација на два лаптопа за потребите на службите за имунизација, вели Зорица Шојлеска, главна сестра во Здравствен дом Прилеп.

Епидемиолшката состојба во градинките и училиштата е стабилна. Има само зголемен број на случаи на овчи сипаници со лесно прележување и не подлежи на вакцинација.

-Овој период е најчест за вирусните заболувања и за варичелата. Зголемено е отсуството на децата од градинките и училиштата токму поради вирусните инфекции и поради овчите сипаници. Пред ковидот во просек годишно се регистрирале околу 400 случаи на овчи сипаници. Од почетокот на оваа година се 238 случаи. Најмногу има овој месец и од почетокот на април се регистрирани 96 заболувања. Разбирливо, за време на пандемијата имаше мал број случаи, од 30 до 50 поради мерките. Најопфатени се децата до 14 години. Нема место за паника, бидејчи ова заболување е многу полесно кај децата и препорачливо е што порано да го прележат. Варичелата не подлежи на задолжително вакцинирање во календарот, објаснува епидемиологот Тања Мургоска Станимировиќ од Центарот за јавно здравје.

Во два века се покажа дека вакцинацијата е најдобра здравствена заштита и за искоренување на повеќе тешки заболувања. Пандемијата предизвика и епидемии во некои европски и соседни земји. Поради прекиот или одложената имунизација. Кај нас нема никаков проблем и опасност за епидемија.

-Како резултат на пандемијата во некои европски земји беше прекината вакцинацијата или одложена, како што е примерот со малите сипаници па се појавија епидемии. Кај нас, во Македонија, се потврди само еден случај на мали сипаници. Нема никаков проблем и епидемиолошката слика е ставбилна. Како што е случајот во Прилеп, вели Мургоска Станимировиќ.

Здравствените работници ги упатуваат граѓаните да се обратат кај нив за секаква информација кога е во прашање имунизацијата, зашто какви било информации на кои ќе наидат, особено на интернет, не го даваат вистинскиот одговор за значењето на вакцинацијата. Календарот за имунизација е задолжителен.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

притисни ентер