КАМИН ТАВА

Рецепт на: Дејан Бакаловиќ Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот

Потребни состојки: 100 гр. свинско филе, 100 гр. пилешки стек, 100 гр. бомбици од телешко мелено месо, 50 гр. модар патлиџан, 50 гр. тиквичка, 50 гр. кромид, 1 пиперка, 50 гр. печурки, бујон од телешки коски, малку масло, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

Свинското и пилешкото месо се сечка на поситни коцки и се пропржува во тава со загреано масло околу 10 минути.

За тоа време се сечкаат: модриот патлиџан, пиперката, кромидот, тиквичката и печурките.

Зеленчукот и печурките се додават во тавата со месо и се продолжува со пржењето околу 15 минути.

Состојките се зачинуваат со сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Потоа се додава бујонот и се пропржува уште 1-2 минути.

Состојките се префрлаат во земјен сад и се печат во загреана рерна околу 5-10 минути на 150-180 степени.

Можете ли да си ги допрете прстите на нозете?

Овде секој сантиметар е важен, а ако почувствувате болка во одреден дел од телото, состојбата е сериозна!

Семјуел Чен е физикален терапевт од Њујорк, кој открива на што задолжително треба да внимавате.

Како што старееме, вежбањето е сè поважно, особено истегнувањето, кое многу луѓе го занемаруваат. Ова е голема грешка бидејќи флексибилноста е вистински показател за здравјето. Многу едноставна вежба, која подразбира да се наведнете и да се обидете да си ги достигнете прстите на нозете, може да биде првиот сигнал дека нешто можеби не е во ред.

Редовното истегнување може да ви помогне да го подобрите вашето држење, да се ослободите од мускулната напнатост и да го намалите ризикот од повреда.

Одличен показател за флексибилноста е оваа едноставна вежба. Обидете се да се наведнете и да ги допрете прстите на нозете споени една до друга и исправени во колената.

Ако не можете да го направите тоа, крајно време е да работите на вашата флексибилност.

Овој физиотерапевт од Њујорк, открива што вашето тело се обидува да ви каже доколку не можете да ја направите оваа вежба.

Чувствувате грчеви во задниот дел на нозете и листовите

Можеби вашето тело ви вели: Имате слаби потколеници.

– Понекогаш слабоста во телото може погрешно да се протолкува како слаба флексибилност – вели Чен.

Во некои случаи, чувството на стегање или затегнатост во задниот дел на нозете додека се обидувате да ги допрете прстите, всушност може да укажува на слаби потколеници наместо на недостаток на флексибилност.

Чувствувате затегнување во долниот дел на грбот

Можеби вашето тело ви вели: Имате проблем со слаба подвижност и оштетување на нервите.

Вежбите за подвижност, како што е активното истегнување на потколениците, можат да помогнат во ублажување на оваа непријатност.

Сепак, освен на вежбањето, важно е да внимавате и на вашето држење, како и на тоа како седите.

- Бидејќи ишијасот доаѓа од 'рбетниот столб, седењето е многу важно, обидете се да имате потпора на долниот дел од грбот - советува Чен.

Покрај тоа што целото стапало треба да го допира подот доколку седите подолго време, ставете перница на столчето за да дополнителна поддршка, пренесува livestrong.com.

Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор

Не барајте евтин лет во овој ден, со само еден трик може да поминете поповолно за време на празниците

Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор, како и деновите за празниците, а во планот често е вклучен и авионскиот превоз доколку се одлучат за подалечна дестинација. Билетите за ова превозно средство се најскапи, но и не мора да биде така ако знаете некои „трикови“ за купувањето да биде во ваша корист. Еве неколку совети за тоа кога да барате авионски билет, кога е најдобро да барате евтин лет и на кои замки од авиокомпаниите да не паѓате.

Според економистот Макото Ватанабе, најдобро време за купување авионски билет е осум недели пред патувањето, додека според мислењата на самите авиокомпании тоа е шест недели претходно, пишува „Love this pic“.

Можеби цената на билетот што го барате во еден момент ќе ве израдува, но ако одлучите да го купите откако ќе се вратите од работа, ќе ве чека изненадување - цената на билетот драстично ќе се промени! Да, цената на билетот се менува и до три пати на ден, па кога ќе забележите дека билетот е поволен - не двоумете се, купете го!

Ако одлучите да побарате карти за викенд, кога не работите и немате одредени обврски, ви советуваме да не го правите тоа. Зошто? Затоа што цените се повисоки во недела отколку во другите денови, а тоа авиокомпаниите го прават намерно. Цената на билетот на овој ден може да поскапи околу 40 отсто, па најдобро е да побарате билети на почетокот на неделата, тогаш се нудат најголемите попусти и „рапродажби“ на преостанатите места.

Исто така, иако пристигнувањето на пораки на вашата е-пошта може да ве нервира, ова може да биде корисно, бидејќи ќе добиете евтини летови за време на празниците. Многу авиокомпании нудат попусти за време на специјални датуми, па затоа искористете го тоа.

Се разбира, не треба да се напоменува дека цените за летовите од големите аеродроми се многу поскапи отколку за помалите, затоа секогаш прво почнете да барате летови од помалите аеродроми, ќе добиете подобар договор.

Видео: Бред Пит падна на снимање

Познатиот актер на Холивуд, Бред Пит престојува во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1, а во оваа продукција ја толкува една од главните улоги, Сони Хејс.

На социјалните мрежи се појавија снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во болидот „APX GP“, по што излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа му помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

Извор: Аваз

притисни ентер