Кацарска бара од Судскиот совет да ги прибави сите докази за утврдување на фактичката состојба за сведочењето на обвинителката Стефанова

Судијката во Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска бара од Судскиот совет да ги прибави сите докази за утврдување на фактичката состојба за сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова.

Што се однесува до сведочењето на обвинителката од Основното јавно обвинителство Радовиш – Лиле Стефанова, дадено на главната расправа за предметот во јавноста познат како „Рекет" одржана на 27.01.2020 година, во кое сведочење беше злоупотребено моето име како судија со единствена цел да се наруши мојот интегритет, дигнитет и независност во постапувањето, како и барањата на повеќе медиуми за мој коментар околу истото, ја известувам јавноста дека денеска се обратив до Судскиот совет на РСМ кое барање ви го доставувам во целост.

ДО

СУДСКИ СОВЕТ НА

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Предмет: Барање

Во месец јануари 2018-та година бев распоредена во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје каде што се уште ја обавувам судиската функција. Со започнувањето на судењата по добиените предмети, а пред се откако започнав да ги судам предметите доставени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, секојдневно трпам вербални напади од обвинети, нивните бранители како и од некои политичари, дури се оди и дотаму да судството се нарекува според моето презиме „Кацарска судство".

Посебно овие напади зачестија откако беа донесени пресуди за неколку актуелни предмети. Сиот овој изминат период стоечки, достоинствено ги трпев сите тие критики, напади, но кулминација на се, е она што се случи на ден 27.01.2020 година во судница 1 во Основниот кривичен суд Скопје. Имено Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, Лиле Стефанова во својство на сведок во предметот со кодно име „Рекет" во својот исказ меѓу останатото навела дека и се вршеле притисоци преку разни емисари, односно обвинители, судии, бизнисмени и политичари, а притоа го споменала моето име, наводно јас сум и вршела притисок но не лично нејзе, туку наводно сум и пуштила некој колега обвинител, како што известија и сите присутни медиуми. Бев згрозена од ваквата изјава, односно од нејзиното сведочење со оглед да се работи за целосна невистина бидејќи во ниту еден момент не само што нејзе не сум и се јавила, а најмалку пак сум и вршела притисок, туку апсолутно неточно е дека сум и пуштила некој нејзин колега обвинител. Која е причината за нејзиното вакво сведочење кое што е недолично за еден Јавен обвинител, тоа не би можела јас да го знам. Во делот на нејзините наводи дека јас сум „окапала" во судот денот кога се одлучуваше за притворот на Јордан Камчев, истакнувам дека тоа беше работен ден, а јас секој работен ден од 08:00 часот сум на работа, а од месец јануари 2018-та година до месец јули 2019 – та година бев секој ден на работа од раните утрински часови па до доцна во ноќта, без оглед дали се работело за работни денови, празник или викенд, со оглед да и јавноста знае на кои предмети во тој период работев и кои пресуди се донесоа и во законски рок пресудите беа изготвени. За ова може да посведочат вработените во судот, судската полиција и моите колеги судии, како и факт кој може да се утврди од безбедносните камери во судот.

Со оглед да секогаш ја зборувам вистината и ништо не кријам, јас јавно пред целата македонска јавност кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од било кого, а посебно не од Јавен обвинител бидејќи шетните последици од изнесување на невистини доведуваат до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи во предвид дека ја извршувам функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто, кое нешто во никој случај не сакам и не смеам да го дозволам.

Имајќи во предвид дека на ваков начин се нарушува мојот углед и достоинство, а воедно се нанесува и штета на функцијата судија, барам од вас како надлежен орган да ги утврдите сите факти и да ги прибавите сите докази за утврдување на фактичката состојба со цел јавноста да ја дознае правата вистина.

Подносител на барањето:

Добрила Кацарска

Судија во Основен кривичен суд Скопје

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер