Путин утре ќе се сретне со својот колега Си Џинпинг, а по разговорите на високо ниво, страните ќе потпишат неколку договори и документи, пренесе РИА.
Рускиот претседател и неговата делегација ќе присуствуваат и на државен прием и гала концерт посветен на 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу земјите и почетокот на Кросните години на културата, објави Вашингтон Пост.
Предвидено е Путин одвоено да се сретне со кинескиот премиер Ли Чианг.
Путин претходно изјави дека координацијата на надворешната политика на двете земји промовира воспоставување праведен мултиполарен светски поредок, кој, како што наведе, е основа на идниот успех на руско-кинеското сеопфатно стратешко партнерство.
Во интервју за агенцијата Ксинхуа, тој истакна дека современите односи меѓу Русија и Кина ја надминуваат идеологијата и претставуваат стратешки избор на двете земји без оглед на политичката ситуација.
„Денес односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во историјата, и покрај предизвикувачката меѓународна ситуација, овие односи продолжуваат да се развиваат“, додаде Путин.