Јаневска порача дека нема место за политиката во образованието

Политиката да се држи надвор од образованието. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот Бог и спасител, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

На утринската архиерејска Божествена Литургија што се одржа во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола, митрополитот г. Петар посочи дека Христовото раѓање во скромната Витлеемска пештера е доказ за неограничената Божја љубов кон човечкиот род.

-Светот, кој постојано потонува во неслога и војни, денес е повикан да се сети дека љубовта е неговото вистинско постоење. Вашите мисли нека бидат како благопријатен темјан, вашите зборови како злато, а вашите дела како миро принесено на оној што ни донесе живот вечен. Да ја славиме Божиќната радост не само во деновите на празникот, туку и во секој миг од нашиот живот, порача митрополитот г. Петар.

Пред верниците во Битола меѓу кои беше и градоначалникот Тони Коњановски, митрополитот г. Петар нагласи дека денешниот настан е еден од најголемите чудеса на Божјата љубов, Бог, кој го создаде светот.

-Христос не доаѓа да владее, туку да служи, не доаѓа да се издигне, туку да се понижи. Таа Божја љубов, не се открива во величината на неговото божество, туку во понизноста и болката на неговото човечко постоење, истакна утрово во храмот Свети Велиомаченик Димитриј, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар. /МИА

Консеисао по освојување на Суперкупот: Ова е подвиг, моите фудбалери создадоа магија

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао е импресиониран од својот тим по победата над Интер (3:2) во финалето на италијанскиот Суперкуп.

- Многу сум среќен за тимот - не беше лесно, атмосферата не беше најдобра. Тоа е подвиг што го истакнаа и солзите на крајот од мечот. Имавме неколку дена да работиме на важни детали, а се соочивме со две многу силни екипи. Магијата ја создадоа играчите кои ги прифатија моите идеи, рече тренерот на прес-конференцијата по натпреварот.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да се врати и да ја одземе победата со гол во судиското надополнување.

Милан го освои италијанскиот Суперкуп по осми пат во својата историја и се изедначи со Интер. Последен пат црвено-црните го освоија турнирот во 2016 година. /МИА

Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ како и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди! Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават.

Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските.

Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

притисни ентер