Јанчев: Службите пристапија кон рушење на бесправно изграден помошен објект

Службите од Општина кавадарци пристапија кон рушење на бесправно изграден помошен објект, истакна првиот човек на градот, Митко Јанчев. 

Денес служби од општина Кавадарци пристапија кон рушење на бесправно изграден помошен објект во централното градско подрачје, стои во објавата на градоначалникот Јанчев на социјалните мрежи.

Митрески: Гаши со законот за бранителите да постапи исто со законот за кредитот од Унгарија

Пратениците од СДСМ преку допис до собранискиот спикер Африм Гаши бараат тој да ја свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која ќе се бара начин да се деблокира законот за бранители. 

Доколку Гаши не го направи тоа, собранискиот потпретседател и пратеник Јован Митрески изјави дека би чекале до крајот на неделата, пред да преземат понатамошни чекори.

-Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски поднесе барање до претседателот на Собранието дали и кога ќе ја свика седницата на Комисијата за разгледува на овој закон, по ист терк како што беше свикана Комисијата за финансирање и буџет. До овој момент нема одговор и најверојатно нема ни да има. Ако се сигурни и ако спикерот Гаши е сигурен во неговото образложение, барам да се свика надлежната Комисија и таму да ги судриме аргументите. Ова е шанса и за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека реално се залагаат за решавање на проблемот, а нивната заложба не е само декларативна, истакна Митрески на прес-конференција во Собранието.

Собранискиот спикер Гаши, пак, за Канал 5 изјави дека тој уште претходно имал план за свикување на седницата која сега ја бара СДСМ за автентично толкување на неговата надлежност во вакви случаи. Најави дека истата ќе се одржи најдоцна до 4 октомври. Дали веќе им одговорил на пратениците од СДСМ не откри.

Во меѓувреме, пратеникот Халил Снопче од Вреди денеска ја дообјаснува изјавата дека ќе ја напуштат владината колиција доколку во Собранието поминат законот за бранители или оној за јазици. Откако премиерот Мицкоски вчера им одговори „ да им е со среќа“ ако сакаат да излезат од Владата, Снопче вели дека не се заканувал туку само пренесувал политички став, а владиното партнерство според него е функционално.

-Во мојата изјава немаше никаква закана. Беше само пренесување на политички став на новинарско прашање, ништо друго. И одговорот на премиерот според мене беше во таа насока, ништо неочекувано. Ние сме автономни политички субјекти и како такви имаме иста цел за да придонесеме за нормализација во функционирањето на целокупниот државен систем. Ние сме партнери и нашето партнерство се заснова врз основа на односот на силите, а не односот на моќта. Така функционираме и се надевам така ќе продолжиме. Се разбира, секому кој ни пожелува среќа и ние им пожелуваме среќа и успех. - вели Снопче.

Законот за бранители предложен од СДСМ останува заглавен на комисијата за социјална политики бидејќи Илире Даути од Европскиот фронт одбива воопшто да почне дебатата за него со личен став дека истите права треба да важат и за борците на ОНА.

Со предложениот закон за права на припадниците на безбедносните сили се предвидува еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во кој се опфатени семејстватата на загинатите војници и полицајци од 2000та до денес.

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат.

Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална.

Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.

Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.

Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.

Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.

Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Арсенал има намера да го ангажира Влаховиќ следното лето

 Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Teamtalk“.

Арсенал е сериозно заинтересиран за 24-годишниот Србин. Лондончани имаат намера да го реализираат трансферот следното лето.

Сезонава Влаховиќ одигра шест натпревари на кои постигна два гола и една асистенција.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 65 милиони евра.

притисни ентер