Израелски полицаец е казнет за убиство на аутистичен Палестинец

Израелски полицаец е обвинет за убиство на аутистичен Палестинец во Ерусалим пред една година, соопшти денеска Министерството за правда, во инцидент што предизвика протести и осуда во јавноста.

Израелското обвинителство денеска обвини граничен полицаец за несовесно убиство во смртоносното пукање на аутистичен Палестинец во Стариот град во Ерусалим минатата година, објави Ројтерс.

Обвинението е донесено по нешто повеќе од една година по убиството на Ејад Халак. Семејството на Халак претходно ја критикувало истрагата на израелските власти за неговото убиство и повика на построго обвинение.

Семејството на убиениот аутистичен Палестинец не е оптимист во врска со истрагата за убиството од израелската полиција. Палестинците го осудуваат „погубувањето“ на младите од страна на израелските сили.

Полицаецот, кој останува неидентификуван во обвинението поднесено до Ерусалимскиот окружен суд, е обвинет за несовесно убиство, а доколку биде осуден може да се казни и со 12 години затвор.

Халак, 32, бил смртно застрелан веднаш пред портата на Лавот во Стариот град на 30 мај 2020 година, додека одел кон институција за специјални потреби во која членувал. Командирот на офицерот, кој исто така бил присутен за време на инцидентот, не бил обвинет.

Областа е често место на судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили, а тесните улички на Стариот град се опремени со стотици безбедносни камери кои ги следи полицијата.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер